ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Како се игра со бебе до 3 месеци
    Како се игра со бебе до 3 месеци

    Како се игра со бебе до 3 месеци

    Како се игра со бебе до 3 месеци?

    Многу игри нема да имаат никакаво дејство ако не се повторуваат константно. Вниманието на детето е различно поради многу причини. Некогаш се во прашање годините, некогаш темпераментот, но и расположението.

    Некогаш ќе уживаат во играта, но почесто играта мора да се прилагоди на нивните желби.

    Што и да се случува, не треба да ве вознемири и да предизвика паника кај вас. Важно е дека си играте и се трудите околу нив. Така го поттикнувате нивниот развој, но и подобра емоционална врска.

    ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Секоја од овие игри е безбедна и не чини ништо. Ќе ви помогне да поминете многу квалитетно време  кое ќе ви значи и на вас и на бебето. Се што треба да направите е да ги повторувате истите игри почесто и во зависност од желбата на вашето дете да ги унапредувате.

    Танцова револуција

    Во случај кога бебето има грчеви, ништо не е подобро од добра музика и малку танц. Пуштете некоја музика за опуштање, проценете сами која на вашето дете ќе му одговара, земете го детето и танцувајте со него. Во почеток нишајте се нежно , а покасно во зависност од тоа колку месеци ќе наполни бебето внесете нови танцови покрети.

    Ако се буни кога ќе го дигнете, облечете се во пошарена облека и глупирате се пред него. Некои џез движења и удирање по сопствениот задник е од некоја чудна причина интересно за бебињата.

    Ги откриваме работите

    Повеќето од вашето време ќе биде посветено на покажување на работите на детето и негова едукација. Тоа нема да недостига ни кај новороденчињата. Новороденчињата обожаваат разни бои, текстури, мириси и вкусови. Тие ги користат сите сетила за да се запознаат со предметот кој им е нов. Мораат да пробаат се.

    Не морате да купувате разни книги. Доволно е да имате една книга и да ја читате на вашето дете. Секогаш вклучувајте ги во читањето.

    Сигурно е дека нема да разбере ни збор од тоа што му го покажувате или читате, но со време ќе разбере дека таа книга претставува дружење со вас, па ќе бидат посреќни и ќе уживаат.

    Покрај книгите, користете се што имате од стари шишиња, правете им тропки со разна големина и облик, запознајте ги предметите кои ги опкружуваат.

    Допри ме

    Бебето го открива светот со сите свои сетила. Дозволете му да ве допре, помириса, осети. Дајте му можност да се запознае со разни текстури. Дајте им да ја допрат свилата, кашмирот или памукот. Скокоткајте ги, со гардеробата, разни ткаенини или со пердувче по раката и стопалото… ќе уживаат во дружбата со вас.

    Еј, што ми е тоа на главата?

    Ова е супер игра која ги вклучува сите сетила. Со мека ткаенина (најдобро памучна, тетра пелена) поминувајте преку лицето на бебето.

    Од врвот на главата до брадата и тргнете ја на страна за бебето да ве види. Така повторете неколку пати и вашето бебе ќе биде среќно бебе.