Како се применува акупунктурата во гинекологијата
Во тек на животот во телото на жената се одвиваат интензивни хормонски промени. Од влегувањето во пубертет, менструалниот циклус, бременоста и пораѓањето до менопаузата, хормоните влијаат на нашите чувства, реакциите на стресни ситуации, расположението, сонот, памтењето, начинот на исхрана и сите останати аспекти од здравјете и животот.
Постојат повеќе начини во гинекологијата да се влијае на хормоните односно на пореметувањето на репродуктивниот систем, а еден од нив е акупунктурата. Таа на далечниот исток се користи успешно со векови а делува на меѓусебно поврзаните механизми на невро-ендокриниот систем на телото.
Акупунктурата отстранува голем број на потешкотии меѓу кои се: пременструалниот синдром, болните менструации, мачнините и повраќањето во бременоста, нередовните менструации, неплодноста, тешкотиите во менопаузата, напнатоста и стресот.
Освен тоа, со акупунктурата го зголемуваме нивото на енергија, го подобруваме сонот и му овозможуваме на телото подобро да се носи со предизвиците од современиот живот. Со интегрирана примена на методата на современата медицина и холистичкиот пристап на традиционалната медицина се постигнуваат најдобри резултати од лечењето.
Како изгледа третманот со акупунктура?
Најнапред се поминува извесно време во разговор со пациентката за нејзината здравствена состојба. Се запознава со причините кои ја поттикнале да се одлучи за акупунктура, сегашни и минати болести, исхрана, спиење, начин на живот. На основа на добиените податоци и прегледи се применува третман кој одговара, а кој трае од 20 – 40 минути. Пациентката е во удобна положба. Акупунктурните игли се многу тенки и при нивното вметнување не се чувствува ништо, или лесен притисок, а ретко краткотрајна непријатност. Стерилните игли се користат само еднаш и веднаш после тоа се одложуваат во корпа за отпадоци. Третманот може да ја опушти пациентката и можно е таа да заспие.
Колку пати е потребно да одите и кое е растојанието помеѓу третманите?
Вообичаената препорака е помеѓу 4 – 6 третмани, а во хроничните состојби десет или повеќе. Во некои случаи подобрување може да се почувствува и после само еден третман.