ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Како се развива чувството за вкус кај бебињата
    Како се развива чувството за вкус кај бебињата

    Како се развива чувството за вкус кај бебињата

    Бебињата се раѓаат со вродено чувство за сладок вкус, затоа што тоа е вкусот на мајчиното млеко. Подоцна ќе почнат да ги прифаќаат и останатите вкусови, а тој процес тече отприлика вака…

    Развивање на осетот за вкус кај бебето

    До 6 месеци

    Грутчињата кај новороденчето задолжени за разликување на вкусовите не се распоредени само по јазикот (како кај возрасните), нив ги има и по должината на усните на бебето. Природата тоа така го направила за да може полесно да го најде патот до дојката, до изворот на најдрагоцената храна -мајчиното млеко.

    Грутчињата за вкуспочнуваат да се развиваат додека бебето е уште во стомакот на мајката и тоа околу 20. недела во бременоста. Истражувањата покажуваат дека исхраната на мајката во текот на бременоста може да влијае на развојот на ова чувство кај бебето, одредени вкусови преминуваат во плодовата вода, преку која бебето може да ги проба. Ако на пример во текот на бременоста сте конзумирале многу овошје и зеленчук, постои голема можност дека кога малку ќе порасне и вашето бебе ќе ги сака истите вкусови.

    Од 6 до 12 месеци

    Во овој период интензивно се развива чувството за вкусови кај вашето бебе, па многу е важно да добива квалитетна и разновидна храна. Производите кои сега ќе почнете да му ги давате ќе имаат големо влијание на неговата понатамошна исхрана. Веќе сега можете да го научите детето да ги засака здравите производи од исхраната.

    Немојте да брзате, полека почнете со воведување на нови вкусови: прво дајте му млечни кашички а потоа дајте му кашички од овошје и зеленчук.

    На оваа возраст се губи рефлексот на исфрлање на храната, така што вашето бебе нема веќе да ја исфрла храната надвор со јазикот, веќе ќе биде способно да ја проголта. А за да се развива правилно чувството за вкус кај бебето, немојте во неговата храна да додавате сол, шеќер, вегета и слично. Пуштете го бебето да се навикне на природните вкусови на храната!

    Од 12 до 18 месеци

    Како што расте бебето, така се повеќе се развиваат и неговите чувства на вкусови, како и потребата за разновидна храна. Ако во претходните 6 месеци сте се придржувале кон здравата исхрана и не сте му давале на детето производи кои потенцијално предизвикуваат алергија (неадаптирано кравјо млеко, белка, цитрусно овошје, глутен), сега можете да се ослободите, затоа што опасноста од алергии веќе е помината. Веќе не морате да му правите кашички, давајте му ситно сецкана храна. Детето со радост ќе ја фаќа со прстињата и ќе ужива во новите производи.

    На оваа возраст децата сакаат да го истражуваат светот, па и новите вкусови. Сега е правото време да му дадете некои видови на овошје кои досега не ги пробало (киви, ананас, манго) и главното јадење да му го подготвувате со додавање на мали количини на зачини (босилок, оригано, темјан). Ако некои од овие вкусови не му се допаѓа, немојте да го исфрлите, дајте му го после некој период од 10 дена. Научете го да јаде разни врсти на морска и слатководна риба.

    Поради интензивното растење на запчињата можно е апетитот кај детето да се намали. Не се грижете, се работи за преоден период.

    Многу родители грешат кога на оваа возраст почнуваат на детето да му даваат слатки работи и зашеќерени сокови. Овие производи се штетни и треба да се заменат со мед, интегрални колачи и природно исцедени сокови. Во спротивно, детето ќе се навикне на благо и ќе почне да ја одбива солената храна. Шеќерот е штетен за забите и органите за варење.