ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Како сонцето влијае на нашето здравје и расположение?!
    Како сонцето влијае на нашето здравје и расположение?!

    Како сонцето влијае на нашето здравје и расположение?!

    Како сонцето влијае на нашето здравје и расположение?!

    Денес, е врежано мислењето дека сончевите зраци се многу штетни, па како излагањето на сонце (претераното) предизвикува рак на кожата и влијае врз прерано стареење. Од таа причина, поголемиот број избегнуваат било какво изложување на сонце. Тоа, многу допридонесува на забрзаниот животен стил, селодневниот одмор во затворена просторија или автомобил, а ретко кога си приуштаме шетање во природа.
    Нашиот телесен состав е прилагоден на оптималното функционирање при доволна изложеност на сончева светлост. Недостатокот на количина на сонце може да предизвика мал внес на витамин Д во организмот, со оглед на тоа што многу малку храна го содржи овој витамин во големи количини. Зошто да не се искористи овој бесплатен и на сите достапен дар за да се чувсѕвуваме здраво и среќно?
    Сонцето како лек
    Сонцето е главен извор на Витамин Д. Повеќе од 80% од светската популација пати од мало количество на овој важен витамин, познат и како витамин на сонцето. Во мала мера го има во производите од животинско потекло, но телото не може да ја добие доволната количина само од намирници.
    Малиот процент на витамин Д е поврзан со настанување на карцином, автоимуни болести, слаби коски и заби, остеопороза, аутизам, разни срцеви заболувања и депресија. Важен е за имунолошкиот состав кај човекот, а докажано е дека е задолжен и за убав изгледа на кожата.
    Сонцето позитивно влијае на:
    -Имунитет
    – Изглед на кожа
    – Работата на срцето
    – Расположението
    – Сонот
    – Коските и косата
    – Кожни проблеми
    – Тегоби при дишење
    – Автоимуни болести
    Тајната на овој, на сите достапен извор на енергија е што поголемиот број го земаат здраво за готово заборавајќи ги неговите лековити својства. Дневно треба да се изложуваме од 15-30 минути на сончева светлост. По неколку минути одмор на сонце, ќе имате чувство на задоволство, а телото ќе ви биде благодарно за тоа.