Како татковците се носат со семејниот и професионалниот живот?
Идеален татко е оној кој заедно со работата успешно ја комбинира и улогата на грижлив родител.
Повеќето расправи за комбинацијата помеѓу семејниот и професионалниот живот е поврзана со жените во друштвото, но се посилна е свеста за притисокот кој во таа смисла го имаат татковците.
Не се сите семејства задоволни со улогата на татко – хранител и за многумина идеален тип на татко е професионалец кој со работата успешно ја комбинира улогата на грижлив родител. Да се оствари тој идеал е многу тешко, а многу мажи не сакаат да побараат помош. Постои сериозна опасност татковците да се “изгорат” носејќи се со товарот на семејниот и професионалниот живот, велат германските стручни лица.
На ризик се особено изложени оние кои најмногу се трудат да бидат совршени татковци и мажи, вели Хелен Хајнман од германскиот институт IBP за превенција на психички кризи.
Многу мажи си поставуваат себеси преголеми очекувања, а има и работодавци кои не ги разбираат сите потреби на семејниот живот.
Од мажот се очекува да даде максимум на работа, без оглед на тоа колку време мора да посвети на своето семејство. Секој татко кој сака да си помогне самиот на себе треба свесно да инвестира време и енергија во постигнување на таа цел, вели Роберт Рихтер, задолжен за едукација.
Татковците кои себеси тоа можат да си го дозволат се советуваат да се занимаваат со некоја part – time работа, доколку чувствуваат дека мора да поминуваат повеќе време со своето семејство.
Едно од решенијата е и вклучување во групи за родителска поддршка каде што можат да разменат искуства и да побараат помош вели тој.
Хајнман вели дека работодавците не се единствениот извор на притисок и дека има и жени кои створат впечаток дека нивниот партнер не ја исполнува улогата на родител на задоволителен начин.
Тој смета дека нема потреба да се следат традиционалните родителски улоги, особено кога мајката и таткото имаат кариера. Најдобрата стратегија е да се избегнува нерамнотежата во одговорностите која може да предизвика непотребен стрес кај родителите.