ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Како треба да изгледа дневниот распоред на бебето на летување?
    Како треба да изгледа дневниот распоред на бебето на летовање?

    Како треба да изгледа дневниот распоред на бебето на летување?

    Дознајте како промените што се должат на патувањето влијаат врз дневната рутина на бебето и успешно подгответе се за првиот одмор на бебето…

    Детска дневна рутина на одмор

    Иако патувањето со бебе на семеен одмор може да изгледа како “тешка задача”, особено ако тоа е прв пат, тоа не мора да биде на така. Ако добро ипланирате и следите некои основни упатства, првиот одмор на бебето може да биде прекрасно искуство.

    Некои бебиња сакаат рутина, а некои не

    ● Некои бебиња полесно го прифаќаат утврдувањето на одреден дневен распоред од другите бебиња на иста возраст. Многу бебиња ќе се придржуваат до предвидливиот распоред на исхрана и спиење, или лесно можат да се прилагодат на рутини кои ги спроведуваат родителите.

    Тоа најмногу се однесува на посебната, индивидуална природа на вашето бебе (што покажува како се однесува или реагира на ситуации и луѓе). Некои бебиња сакаат рутина, а некои не. Не е можно сите да го следат истиот распоред, но секое од нив може да следи одреден распоред.

    ● Имајте на ум дека медицинските и развојните фактори можат да влијаат врз способноста на вашето бебе да ја следи воспоставената рутина. На пример, предвремено родени бебиња, деца со ниска родилна тежина, како и бебиња со тешки рефлукс (гастроезофагеален рефлукс се случува кога содржината од желудникот се враќа назад во хранопроводот) – обично помалку спијат и почесто се хранат. Секогаш проверете кај докторот на вашето бебе ако имате било какви проблеми околу дневниот распоред.

    Втората временска зона влијае на воспоставената рутина кај бебето 

    ● Временските промени или преминот во друга временска зона ќе ги нарушат навиките на вашето бебе. Но, не грижете се, периодот на приспособување обично е краток. Особено кога станува збор за премин кон летниот период. На пример, ако вашето бебе обично се буди во седум наутро, ќе бидете изненадени кога ќе откриете дека е будно веќе во шест часот, по преместувањето на часовникот. Но, почекајте неколку дена за најмногу една недела – повеќето бебиња потоа се враќаат во нивниот подоцнежен термин за будење.

    ● Сепак, можете да се обидете да избегнете можни приспособувања на тешкотиите со поставување на вашето бебе во кревет од 10 до 15 минути порано или подоцна. За една недела, ова води кон посакуваниот резултат. Истиот совет се однесува на преместување во друга временска зона. Можете да го движите часовникот назад или напред, во зависност од тоа каде патувате, една недела пред патувањето. Кога ќе се вратите, само вратете го процесот и бидете стрпливи додека вашето бебе се прилагодува на неговиот внатрешен часовник.

    ● Еден начин да му помогнете на вашето дете да воспостави рутински сон е да му дадете сигнал за тоа кога е денска а кога ноќна смена.  Затоа, пожелно е многу шетање и играње на отворено во текот на денот, а потоа да се стави во кревет со помалку светло во доцна попладне или рано навечер, да се подготви  бебето да спие. Ако имате дилеми, побарајте совет од експерти или други родители. 

    Одморот не мора да предизвика конфузија во распоредот на бебето

    •  Не се сите одмори “расипувачи” на активностите на бебето и не секогаш предизвикуваат вознемиреност и збрка кај детето. Ако поминете една недела одмор во иста временска зона, постои голема шанса дека ќе бидете во можност значително да ја утврдите рутината за спиење, хранење и играње исто како дома. Ова значи дека ќе можете да уживате во вашиот одмор со вашето бебе. Главното прилагодување за него ќе биде да се навикне на непозната средина и на друго место на спиење.

    ● Или, ако вашиот одмор вклучува посета на голем број на знаменитости и активности, и вашето бебе дреме во неговото автомобилско седиште или количка секој ден, ако останувате надвор доцна, и често се јаде во движење – тогаш, најверојатно, на бебето ќе му треба повеќе време за да се навикнува на редовна рутина кога ќе се вратите дома. Очекувајте дека ќе биде потребно три дена до една недела за бебето повторно да се аклиматизира: да се навикне на новата клима, нова средина, нови околности. Дотогаш, можеби ќе треба да се справите со повремени периоди на нервоза.

    Не ја менувајте рутината на бебето

    ● Ако вашето бебе пропушти еден или два добри часа на сон, што редовно се случува секој ден, тоа веројатно нема да може навистина да ужива во пост-планираните активности.

    ● Ако го прескокнете утринското дремење и го оставите попладневниот одмор за подоцна, бебето може да го прескокне целосно, што значи дека ќе биде исцрпено и мрзоволно до спиење. Или, ако заспие доцна попладне, тоа нема да заспие кога ќе се обидете да го ставите во кревет ноќе. Се разбира, Вие најдобро го познавате вашето бебе и ќе ги разгледате неговите модели на однесување кога донесувате одлуки за дневниот распоред.  

    ● Се разбира, вашето бебе понекогаш треба да го пропушти својот дневен сон: понекогаш тоа може да биде посетата на баба и дедо, или посета на педијатарот, но такви промени не би требало целосно да го исфрлат од рамнотежа и да ја пореметат дневната рутина.