ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Како Виетнамците го навикнуваат бебето на нокшир до деветтиот месец?
    Како Виетнамците го навикнуваат бебето на нокшир до деветтиот месец?

    Како Виетнамците го навикнуваат бебето на нокшир до деветтиот месец?

    Навикнувањето на детето на нокшир е една од вештините што највеќе им значат на мама и тато. Родителите во Виетнам развија многу успешен метод што многу рано ги учи децата да  научат да користат нокшир.

    Во оваа земја пелени ретко се користат. Од раѓање, мајките посветуваат многу внимание на физиолошките потреби на бебето и свират секој пат кога тие мочкаат. Со текот на времето свирежот за бебиња станува знак на празнење, а до 9-тиот месец мајките успеваат да го наведат своето дете да изврши физиолошка потреба. Иако оваа практиката за родителите од Западот е непозната, некои студии покажуваат дека мочниот меур на бебето е зајакнат порано и му овозможува на детето да го контролира процесот.

     

    Отежнувачка околност за заинтересираните родители е дека овој метод бара целосна посветеност за време на вежбањето. Родителите мора непрестајно да го пратат бебето кога е во прашање празнењетои да гонаучат неговиот јазик на телото, што значи дека тие секогаш мора да бидат со детето.