• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Каков подарок да одберете за новите родители
Каков подарок да одберете за новите родители

Каков подарок да одберете за новите родители

Штo подарок зборува за Вас?

Изборот на подарок може да биде комплицирана задача. Без разлика дали се работи за пријатели, момче, девојче, сопруг, колега …

Со подарок, можете да му кажете на некој како се чувствувате кон таа личност. Подарокот многу зборува за вас. Знаеме, темпото на живот е такво што ни остава многу малку слободно време и ние се трудиме да го потрошиме најпаметно што можеме. Имаме многу малку простор за некоја подлабока анализа. Меѓутоа, кога станува збор за купување подарок на некој што наскоро ќе стане родител, треба да направите малку напор.

На “листа за желби” на идните родители се креветче, колички, седишта за автомобили, када … Наскоро домот ќе биде поплавен со подароци во форма на тропалки, облеки,  и еден куп играчки со различни светлосни и звучни ефекти …

Дали знаете каде бебето ќе поминува најмногу време кога ќе порасне малку?

Дали знаете каде бебето ќе го помине поголемиот дел од времето штом ќе стане посилно? Во моментот кога ќе почне да ги гледа неговите способности, тоа ќе се обиде да се сврти, да се крене и да ползи … За сите овие авантури ќе му треба добра и сигурна подлога. Одговорот на прашањето од почетокот на овој пасус е: децата поминуваат најмногу време на подот.
Дали сте размислувале дека можеби добар подарок за родителите може да биде тепих или други подлога за под?

Тепихот е одличен избор за подарок

 Ако се согласиме дека со подарокот може да кажеме некому што мислиме ние за него, како ви се чини како предлог за подарок на родителите да им дадете тепих кој има анти-алергиска и антибактериски својства? Знаете дека е удобен и лесен за одржување и сме убедени дека ќе ви бидат благодарни за тоа. Останува само да се разгледа изборот на дизајни и да го најдете она што го барате.

Тепих од ѕид до ѕид – нема грешка

Да се израдува некој што чека бебе со тепих кој е поставен од ѕид до ѕид и на тој начин ја одржува топлината на домот е сигурен потег. Веднаш штом ќе ги запознаете идните родители дека овој избор на подни облоги е добар за звучна изолација, ќе ви бидат дополнително благодарни. Ќе ви бидат благодарни и соседите. Верувајте ни.

Винил – идеален подарок за модерните родители

 Винил како подлога одамна е излезен од бабиниот шпајз и сега е чест избор на родителите како подлога за детска соба. Причината е тоа што е одличен чувар на топлината идеален за одржување – што е особено евидентно кога се отстранува храна или сок. Кога веќе сме кај паѓањето, треба да се каже дека винилот е мек. Оваа особина ќе биде пожелна во месеците кога ќе започне првата борба на бебето со чекорите. Ако изберете Винил како подарок за идните родители, ќе имате можност да ја покажете креативноста – тоа го кажуваме поради избор на бои и модели.