ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Каква исхрана треба да се примени ако се појават хемороиди
    Каква исхрана треба да се примени ако се појават хемороиди

    Каква исхрана треба да се примени ако се појават хемороиди

    Ова се совети за смалување на тешкотиите кои се предизвикани од појава на хемороиди

     

    Што се хемороиди и како може да се препознаат?

    Хемороидите се проширени вени во пределот на ректалниот орган. Ќе ги препознаете по необичната големина која може да биде колку зрно на суво грозје до големина на свежо грозје.

    Пропратени се обично со чешање а со рака може да почуствувате перничиња во пределот на ректумот, но често и со јаки болки и со ректално крварење кои најчесто се појавува во текот на дефикација (празнење на цревата).

    Потешкотиите настануваат постепено, најнапред како безболно крварење, а покасно болките стануваат се поинтензивни (од таа причина водете грижа за спречување на затвор кој ја влошува ситуацијата).

    После породување имамте проблем со хемороиди. Слушнавте дека тие се јавуваат после породување. Да ли тоа е вистина и што е причина за нивното појавување?

    Вистина е. Хемороидите многу често се јавуваат не само во периодот после породувањето, ами и за време на бременоста и во текот на породувањето. Настануваат како последица од притисок на зголемената матка на вените на вашиот стомак (особено на долната шуплива вена и вената на малата карлица) со што го успоруваат “движењето” на венската крв во пределот на ректумот и на долните екстремитети. За појавување на хемороидите има влијание и затворот, намаленото движење (особено долгото седење), неправиолната исхрана, јак физички напор.

    Дали хемороидите може да се лечат со исхрана?

    Еве неколку совети со помош на кој ќе ги избегнете или ќе ги смалите проблемите поради кои дошло до пајава на хемороидите:

    Веќе кажавме дека затворот е една од причините за појава на хемороидите, поради тоа придржувајте се до советите во случај на појава на затвор.

    Многу е важно да избегнувате: многу зачинета храна, солени сувомеснати производи, масна храна и алкохолни пијалоци,

    Пијте доста течности- најмалку 8-10 чаши вода на ден. Не ги запоставувајте ни цедените сокови од овошје и зеленчук (боровинки, патлиџан….),

    Јадете производи кои содржат богатство на диететски влакна: свежо овошје и зеленчук, житарки, легумоноза….,

    Водете сметка за својата телесна тежина-преголемата телесна тежина допринесува до појава на хемороиди (прекумерните слоеви масти додатно го притискаат абдоменот).