ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Какво ќе биде вашето бебе ?
    Какво ќе биде вашето бебе

    Какво ќе биде вашето бебе ?

    Какво ќе биде вашето бебе ?

    Што да очекувате од бебе- Овен

    Бебе Овен има силен глас, штом дојде на свет мора сите да знаат дека е баш тој! Спремни- морате сите да бидете во болница и да го видите, први.

    Тоа е гласно секој пат кога ќе заплаче бидејќи сака да ги разбуди сите други бебиња. Нема да чека ниту минутка.

    Спремете многу играчки кои се шарени, по можност да даваат силни звуци, бидејќи сака се што е гласно. Ако немате доволно млеко, драга мајка, ќе мората однпред да имате храна со цел да не дојдете до ситуација нервозно да трчате до аптека кога детето ќе огладне.

    Оставете го да спие колку тоа сака…

     Што да очекувате од бебе – Бик

    Кога ова бебе ќе дојде на свет, сите во фамилијата се разнежнуваат, се додека не дојде дома. Е тогаш почнува журката.

    Вашиот мал Бик сака многу да спие, никако да не го будите за да пие млеко на време, бидејќи тој знае подобро од вас кога му е време. Сака убав и миризлив кревет. Не ги допирајте неговите пелени или ситни играчки зошто они СЕ гледаат и чуствуваат. Сигурно ќе изреагираат, ќе почнат да се бунтуваат или гласно да плачат.

    Вашиот мал Бик сака музика, затоа пуштајте му детски песнички или музички приспивни песни. Некогаш можете и по некоја класична сериозна арија од некој виолинист или клавирист, бидејќи детето Бик на тој начин се одмара и добро му делува на здравјето.

    Што да очекувате од бебе – Близнаци

    Бебето Близнаци е баш она што името на самиот знак го кажува. Еден близнак е мирен, добар, спие, се јаде што мама ќе му даде. Но, се додека не се претвори во оној другиот ѓаволест – мафта со рацете со цел нешто да ви каже, но кога нема да успее со задоволство ќе се расплаче и тоа со насмевка на лицето.

    Најдобро е да го/ја пратите што сака и што прави, бидејќи тогаш кога ќе биде мирен/а и да го/ја нахраните. Никако да не го храните додека се врти или сака да си игра, бидејќи токму тогаш размислува како игра на некој спортски терен или балетска претстава или во некој клуб.  

    На Бебето близнаци треба постојано да му зборите, пуштајте му аудио приказни и не оставајте ги сами бидејќи нема да може да издржите од плачење без прекин.

    Што да очекувате од бебе – Рак

    “Jа сакам само мојата мајка да биде покрај мене … и никој повеќе… баш ми е гајле за тато, бато, дада, баба, дедо… зошто мама е се на овој свет за мене “.

    Кога ќе го погледне овој свет бебето Рак ја познава и чуствува само својата мајка, знае дека таа е единствената вистинска Ѕвезда која го/ја води.

    Мама како секоја мама често се уморува и после тоа не е во можност толку голема количина колку што му е потребно на бебето рак да ја преточи во прегратки и бакнежи. Тоа бебето Рак го чуствува и го претвора во казна и тоа го прикажува преку, неспиење во текот на ноќта , плачење од грчеви во стомакот, не пиење на вода, млеко во доволни количини.. итн.

    Единствен лек е да го наведнете на гради, не морате да пеете или зборите, најбитно е да чувствува позитивни мисли во тој момент, бидејќи Ракот е премногу интуитивен знак и се чувствува околу себе.

     

    Што да очекувате од бебе- Лав

    Кога бебето Лав/ица ќе дојде на овој свет мора да направите големо славење во вашиот дом. Обично тоа трае дури и два до три месеци пред неговото раѓање. Бебето Лав/ица додека е во стомакот на мама добива импулс за својата важност дека доаѓа на свет. Бебето Лав смета дека е мал/а крал/ица од мали нозе.

    Кога бебето Лав/ица ќе дојде на овој свет, не е важно е дали мама е до него/неа, важно е на сите да им покаже дека е здраво, јако и дека има мускули. Исто така е важно да покаже дека може со своите ноџиња да удира и прета до степен што ќе успее да тргне се околу себе што му пречи или го стега. Тоа ќе биде гордо бебе со кренато главче додека го шетате низ домот.

    Кога бебето Лав се бања, мора сите играчки да се во бањата и нормлано спремете се да ви паднат рацете од носење и заспивање.

     

    Што да очекувате од бебе – Девица

    Многу ќе се излажете доколку мислите дека бебето Девица е мирно. Можеби…на самиот почеток но како деновите ќе поминуваат бебето Девица ќе ја покажува својата енергичност и колку сака да биде во друштво.

    Вашето бебе Девица сака чисто, горе доле како секое бебе, но немојте да се изненадите ако ова бебе нема претерано да плаче ако пелена е полна или мокра. Бебето Девица повеќе сака да чуствува дека некој има во непосредна близина и да го слушне звукот на вашето одење или како го мрднате ѓезвето додека го греете млекото.

    Вашето бебе често ќе се труди нешто да ви каже, ваше е да бидете смирени со тоа што ќе го држите за раче и на тој начин ќе му пружите сигурност.

     

    Што да очекувате од бебе – Вага

    Е сега, мораме да бидеме внимателни. Обично, додека мама е трудна постојат строги правила.

    Прво правило е начинот на исхрана, потоа спиење на време, станување рано наутро, шетање преку ден, читање на некоја убава книга, попладневно кафе со пријателите.. Е така ќе почнете да се спремате на ритуалите кои вашето бебе ќе ги сака да ги прави покрај мама. Бебето Вага ќе треба да го будите на секој саат за да го дохраните а вие додека се нервирате за тоа, бебето вага ќе спие, спие, спие..Доколку и шепотите тивко на увце, таа и понатаму ќе спие.

    Како расте бебето Вага, ќе биде многу приврзана за својата мајка и се што прави мама ќе сака и бебето Вага да го прави како на пример учење, начин на исхрана, спиење, шетање, дружење… и така до крај на светот.

     

    Што да очекувате од бебе – Шкорпија

    Древните астреолози велат дека ова е посебен знак, ова бебе има толку силно тело од раѓање, што не може никој да го совлада.

    Бебето шкорпија е навистина нескротливо, но пазете се, тоа ќе биде мирно, се додека конечно не се опуштите. Потоа спремете се за борба. Тоа нема само како лав да мрда со ноџињата туку ќе ги вклуч*и и рачињата и тоа ќе претставува најава за некој/а каратист/ка, џудист/ка или ватерполиста.

     Шкропиите нема да имат потреба како вагата да го будите за јадење, вие морате постојано да имате добра количина на храна во случај кога ќе заплаче и покрај редовното доење ќе бара да го дохраните со вештачко млеко. Бебето шкорпија многу рано ќе прооди, така да водете сметка да не се повреди додека трча по собите или на игралиште.

    Ќе имате бурно мало бебе кое ќе порасне во самосвесно човече, па ќе може да се случи и многу рано да посака поради школо или работа да го напушти својот дом и семејство.

     

    Што да очекувате од бебе – Стрелец

     Докторите кажуваат дека во овој знак се раѓаат бебиња – бицуња. Овие бебиња ако нешто сакаат тоа е да јадат се што ќе им се донесе.

    Кога мама нема доволно млеко, мешајте го со вода, не е страшно, важно е ова бебе да го наполни стомачето во тој момент, па после два часа пак. Многу често се случува ова бебе  уште како мало поради желбата за јадење да ја зема ужината од другарчињата да ја дојадат ако тие неможат.

     Бебето стрелец од мало ќе бара признание и големо внимание. Доколку го пропуштите, да знаете дека секоја нова играчка која што ќе му ја купите ќе ја расклопи и тоа одма. Исто така уште една работа која е важна е дека бебето сака гужва,врева и луѓе.

    Доколку ви дојдат гости немојте да ја затворате вратата од соба, на бебето стрелец не му смета врева, ни музика ниту гласен говор. На ова бебе не му смета дури ни чадот од цигари бидејќи тоа е секако иден менаџер на некоја кафана или голем/а спортист/ка.

     

    Што да очекувате од бебе – Јарец*

    Бебето Јарец е единствено кое изгледа постаро од останатите. Обично за нив се вели дека се постари кога се млади, а млади кога се постари.

    Има некаде вистина, иако децата се раѓаат кога завршува годината и ја дочекуваме новата. Ова бебе ќе има убава кожа, ќе биде долго и долго време во духот млад кога другите млади ќе бидат стари. Бебето Јарец е послушно, понекогаш и повлечено, срамежливо, нема да  бара храна освен ако не му понудите. Исто така долго може да трпи и без вода. 

    Сака да си ги чува своите играчки, а кога малку ќе порасне ќе сака и свој плакар за своите работи и тука никој не смее да пристапи, освен мама …

    Бебето Јарец не е уморно иако сите знаеме дека под неговоо влијание е Сатурн кој не е омилен. Јарците од мали сакаат насмевка и тоа го задржуваат и во старост. На бебето јарец никако не му викајте бидејќи тоа ќе ве запамти иако е толку мало. Бебето јарец е премногу осетливо, сака музика па затоа од рано утро пуштајте му музика.

     

    Што да очекувате од бебе – Водолија

    Кога ќе се породите и ќе го видите вашето бебе Водолија тоа ќе ве погледне чудно, а тој поглед го знае само мама. Како да ве прашува; Дали си ти моја мама ?

     И така, спремете се целиот живот вашата мала, понатаму голема Водолија да ви контрира за се и да ви кажува дека се работите погрешно и секогаш во погрешна насока или правец. Како мало постојано има некој барања, и многу ретко нешто му се допаѓа, а доколку не му се допадне просторот во кој сте го однеле на гости спремете се на големо плачење. Дефинитивно, ќе мора да се вратите многу порано од она што сте го планирале.

     Не сака баби и дедовци кои постојано над главата му мафтаат и му зборат. Доколку видите  да прета или е вознемирено тоа значи дека сака да биде само. Почитувајте ги неговите/нејзините желби и тоа од пелени, бидејќи како ќе расте така ќе биде по бунтовно, посебно што додека расте сака да има слобода и мир. Ако, не му го овозможите ова спремете се да игра фудбал во вашиот стан или да донесе многу другарчиња во вашата куќа и да направи приватна журка која може да биде секојдневие. Ви препорачуваме, добро да воведете сметка од раѓање да го усмерувате кон науката и да му дадете модерен мобилен, а кога ќе порасне некој добар компјутер.

     

    Што да очекувате од бебе – Риба

    Рибите се последен знак во зодијакот и поради тоа сигурно мислите дека се се гаси со нив, но се лажете. Бебето риба е буквално како затишје пред бура.

     Бебето риба кога доаѓа на свет е топло, тивко, мирно дури и едвај и да заплаче. Често мајките се прашуваат што е со бебето зошто не вика или плаче барем кога е гладно. Бебето риба се спрема за мисија уште од раѓање и затоа не сака да троши енергија на некакво викање, претање по цела ноќ во пепелни, освен ако имаат некој огнен подзнак.

    Ова бебе сака топло, пред се како ќебенца, јастучиња, плишани мечиња, сака да спие со нив. Бидејќи многу често она што го сонува и го зборува,ќе имате шанса да дознаете се.

    Најмногу сака да  му раскажувате бајки, посебно ако е девојче омилена приказна и е Пепелашка, несреќна мало девојче кое подоцна станува девојка која мора да чисти и да биде во сенка на маќеата со нејзините ќерки а добрата вила и помага да го освои принцот. Така, вашата мала Риба девојче може да го следи тој пример во својот живот кога ќе порасне. Од друга страна машкото бебе ќе бара звук на гитара, сака поезија, да пее како мал а кога ќе порасне ќе сака да пишува свои дела.