
Календар за воведување храна кај бебињата
Ова не се апсолутни правила и календарот не може, и не треба да го замени мислењето на педијатарот кај што одите. Тој ќе определи најдобро каква храна е неопходна за вашето дете, бидејќи го следи неговиот развој од самото породување.
Меѓутоа, постојат основни продукти што им се даваат на бебињата кога ќе наполнат 6,7,8,9 … месеци.
Во 6-от месец
На повеќето бебиња во овој период на животот им се дава разновиден варен зеленчук, житарици кои се претходно сварени како ориз, пченка, старо сирење(пармезан), пасирани јаболки, крушки, и пилешко месо.
Во 7-от месец..
Полека во исхранате се воведува јогурт, свежи сирења и шунка.
Во 8-от мессец..
На бебето може да му се дава рибино месо, жолчка, домат и сезонско овошје (освен портокали, киви и јагода).
Во 9-от месец
Полека се воведуваат портокали, но претходно мора да се консултира со педијатар. Портокалите содржи алерген што може да предизвика разни последици по здравјето на бебињата. Ако педијатарот одобри, тогаш не треба да се грижите.
После 12 месеци
Веќе на детето можат да му даваат цели јајца, кравјо млеко и мала количина сол и шеќер. Нашиот совет е да се избегнувате зачинета храна колку што е можно, но и ако се јаде нешто зачинето, не треба да сте загрижени, се ќе биде во ред .
Што е со пиењето?
Вода и мајчино млеко се најдобри пијалаци за секое бебе. Но, разни чаеви можат да помогнат. На пример, камилицата го ублажува и смирува вашето дете. Не се препорачуваат чаевите кои имаат кофеин, како и вештачки чаеви кои содржат боја и шеќери.
Од соковите се препорачува свежо цедено овошје, со што не треба да се дава портокал пред 10 от месец.