• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Капење на бебето – чекор по чекор
Капење на бебето – чекор по чекор

Капење на бебето – чекор по чекор

Нека капењето на бебето биде една опуштена игра.

Постапка за капење на бебето

1.Измијте ги рацете и кадичката пред да го капете бебето.

2.Истурете малку топла вода во кадичката и проверете ја топлината со подлактицата. Длабочината на водата треба да биде околку 5 сантиметри. Ако не сте сигурни во топлината на водата можете да ја проверите со топломер за вода. Температурата треба да биде 37 степени.

3.Истурете малку топла вода во бокал. Таа ќе се олади на посакуваната температурата додека вие го искапете бебето.

4.Припремете се што ви е потребно за капење. На едно место, при рака, нека ви стојат чешел, купка, крема, лосион, витамин Д и тупфери од вата. Уште да ја додадете чистата гардероба од бебето и се е спремно.

5.Сега расповијте и соблечете го бебето. Земете тупфер и со чиста вода измијте ги очите на бебето. Посебен тупфер за секое око, од горе према носето.

6.Бебето пополека спуштете го во водата. Зборувајте му и смејте му се. Левата рака е под рамењата на бебето, главата му ја потпирате со подлактица, десната рака е повлечена под бебешкото газе и на десната подлактица се наслонети бебешките нозе.

7.Најнапред ослободете ја десната рака така што газето и нозете ќе ги спуштите во вода. Со прстите од левата рака држете го детето под пазувите. Бебешката глава е наслонета на левата рака и никогаш не се спушта потполно во вода. Цврсто држете го бебето во коса положба така што водата ќе му допира до гради. Значи левата рака ви е зафатена со држење на главчето во тек на капењето, а за капење ви е слободна десната рака.

8.Во десната рака ставете малку купка и измијте го најнапред лицето, потоа главата, па вратот, едната па другата рака, градниот кош, стомакот, гениталиите а потоа и нозете. Пределот на половите органи треба два пати да го измиете.

9.Свртете го бебето на стомак, така што предниот дел од градниот кош и главата ќе го држите преку левата рака а со колената нека биде наслонето на кадичката. Измијте го вратот на бебето од задната страна и грбот и потоа уште еднаш газето и гениталиите од задната страна.

10.Подигнете го бебето над кадичката и измијте го со чиста вода од бокалот. Температурата на водата од бокалот проверете ја со рака. Бебето се мие од главата према грбот, газето и нозете, а потоа се врти и се мие и од предната страна.

11.Извадете го од кадичката и замотајте го во голем мек пешкир. Наместо да го триете бебето, исушете го со нежно тапкање по кожата.

12.Избришете ги ушите на бебето од надвор, намачкајте го газето со крема, намачкајте го со лосион, преповијте го во чиста пелена, облечете чиста бенкичка или друго, дајте му витамин Д и потоа подојте го. После капењето бебињата секогаш спијат подолго, па подобро е бебето да го капете навечер кога вие и вашиот партнер имате најмногу време.