ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Каша од палента и јаболко 6+
    Каша од палента и јаболко 6+

    Каша од палента и јаболко 6+

    Кашата од палента и јаболка е погодна за започнување со оброци, таа е со благ вкус и бебиња ја обожуваат. Еве како можете да ја подготвите…

    СОСТОЈКИ:

    1-2 супени лажици палента

    јаболко 

    ПОДГОТОВКА:

    1. Во вода што што врие додадете лажица и пол палента. Постепено додајте ја палентата и  мешајте и варете на тивок оган  околу 5 до 15 минути (проверете ги упатствата на пакувањето). Ако вашата палента е прегуста, додадете малку вода за време на готвењето.

    2. На крај претходнo измиената, излупена и изрендана јаболка додадете ја и гответе заедно со палентата уште 3, 4 минути.

    ЗАБЕЛЕШКА:

    Пожелно е овошјето на почетокот на дохранувањето накусо да се свари, поради полесна сварливост и отстранување на пестициди, особено ако не сте сигурни дека тоа е од биолошко одгледување.