• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Кашичка од јаболко и ориз 6+
Кашичка од јаболко и ориз 6+

Кашичка од јаболко и ориз 6+

Потребно:

Пола поголемо јаболко;

Една лажичка ориз и

Вода по потреба

Припрема: 

Оризот исперете го добро и одстранете ги оштетените и црни зрна. Гответе во многу вода додека не се провари.

Исчистете го и исперете го јаболкото и исецкајте го на ситни парчиња. Додадете го во оризот пред крајот на готвењето и поклопете го да се зготви на пареа околу 5 минути.

Оризот и јаболкото иситнете ги со дрвена лажица (миксер) до посакуваната густина и ручкајте!