ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Кашичка од јаболко со цимет и оризови снегулки
    Кашичка од јаболко со цимет и оризови снегулки

    Кашичка од јаболко со цимет и оризови снегулки

    На своето бебе органски цимет можете да му понудите веќе од осмиот месец, па ви претставуваме еден рецепт за оваа превкусна кашичка…

    Циметот е познат по тоа што е богат со калциум и железо, а одлично се комбинира со јаболка кои се богати со витамин Ц и антиоксиданси.

    Состојки:

    1 јаболко,

    200 милилитри вода,

    1/2 лажица цимет,

    1 лажица оризови снегулки

    Припрема:

    Јаболкото излупете го, исчистете го и варете го додека не омекне, ставете го во блендер и додајте цимет. За да ја разредите кашичката додајте малку вода во која јаболкото се варело. Ако кашичката е поретка ставете уште една лажица оризови снегулки.