• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Кашичка од праски, пире од крушки и кашичка од банана (5-6 месеци)
Кашичка од праски

Кашичка од праски, пире од крушки и кашичка од банана (5-6 месеци)

Кашичка од праски

Пресечете на пола три зрели меки праски и извадете ги коските. Ставете ги во тава свртени надоле и додадете пола шолја вода. Варете на среден оган помеѓу 10 и 12 минути, додека не станат сосема меки и додека кожата не се одвои. Оладете ги и излупете ги. Ставете ги варените праски и течноста во која се вареле во блендер и направете пире. Ако е потребно додадете уште малку вода. Послужете ја кашичката кога ќе биде сосема ладна.

Пире од крушки

Излупете и исчистете две зрели крушки и исечете ги на ситни коцки. Варете ги во поклопен сад додека не станат сосема меки. Ставете ги во блендер и во текот на мешањето додадете ја водата во која се вареле.

Кашичка од банана

Исчистете зрела банана и скинете ги конците. Изгмечете ја добро со вилушка за во неа да не останат ситни делови. Со гмечењето додајте две лажици мајчино или адаптирано млеко. Доколку ви се чини дека кашичката е густа, додајте и малку вода.