• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Кажете им довидување на дубаците!
Кажете им довидување на дубаците!

Кажете им довидување на дубаците!

Кажете им довидување на дубаците!
Се повеќе стручни лица говорат и пишуваат за негативните последици од користење на дубаци.
Многу родители сметаат дека дубаците за бебиња им помагаат на нивните малечки во текот на проодувањето и затоа ги користат. Но, американската Академија за педијатри, предупредуваат дека дубаците се премногу опасни и од нив нема корист, затоа треба да се забранат.
Доктор Бенџамин Хофман ја поддржува иницијативата за забрана на произведување на дубаци.
Студијата вели дека помеѓу 1990-2014 година повеќе од 230.000 бебиња во САД, на возраст од околу 15 месеци завршиле со брза помош по користење на дубак. Повеќе од 90 % од овие повреди биле во пределот на главата и вратот.
– Дефинитивно нема потреба од производство на дубаци, изјави авторот на студијата Гери Смит.
Опасноста од дубаците е во тоа што бебето може да излета од преголема брзина, една проценка вели дека малите можат да се подбутнат со брзина од 120 сантиметри во секунда, што значи дека може да завршат во опасна ситуација додека пак возрасните за толку кратко време не ни можат да му помогнат на своите бебиња.
Најголем процент се пад од скали, базен, изгореници настанати од повлекување на лончето од шпоретот.
И покрај тоа што глобално земено процентот на продадени дубаци е намален, сепак бројот од повредени деца секоја година достигнува бројка до 1000.