
Кејт Мидлтон ја откри омилената ужинка на принцезата Шарлот
Ќе бидете изненадени од принцезата Шарлот и нејзините омилени”грицки”, нешто невообичаено за еден тригодишниците
Принцот Хари и Меган Маркл го очекуваат своето прво дете во април и сите очи се фокусираат на идните родители. Светот со нетрпение очекува деталите за нивното бебе, од кои дали Хари ќе сака девојче или момче до бојата која Меган ја одбрала за детската соба.
Без сомнение ќе бидат пресреќни да му ги покажат на новото бебе сите кралски традиции и правила, и ако принцезата Шарлот вмеша прсти во ова, сигурно идниот братучед или братучетка ќе го научат на тајните на софистициран вкус.
Имено, за време на неодамнешниот настап во јавноста, Кејт Мидлтон откри дека нејзиното девојче обожавамаслинки. Мораме да признаеме, сосема необично за тригодишно дете!
Војвотката открила дека нејзините деца уживаат во тестенини со сирење, но им се допаѓаат и другите секојдневни јадења, па затоа луксузните оброци најверојатно не се наоѓаат на листата на нивните омилени јадења. Покрај тоа, малата Шарлот и нејзиниот брат Џорџ сакаат прават пица, како што вели нивната мајка, “сакаат да работат затоа што можат да ги извалкаат рацете”. Којзнае, можеби на овие кралски деца им се смешка вистинска кулинарна иднина!