ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Киселини во бременост
    Киселини во бременост

    Киселини во бременост

    Многу често имам киселини. Што треба да направам?

    Избегнувајте зачинета храна, и да, заборавете на пиперка, лук, кромид, портокали, лимони, грејпфрут…

    Киселините не се ретка појава во бременоста и најчесто се јавуваат во последната фаза. За да се намали непријатно чувство кое го предизвикуваат киселините, јадете помалку но почесто – секои два до три часа и полека  џвакајте. Избегнувајте зачинета храна, и да заборавите на пиперка, лук, кромид, портокали, лимони, грејпфрут… Обидете се да го промените начинот на подготовка на храната – гответе на пареа, наместо на масло или маст, а мрсната храна исфрлете ја  од менито бидејќи подолго се задржува во желудникот и потешко се вари. По јадењето, седнете или прошетајте, никако не легнувајте најмалку два часа.

    Може ли некоја храна да ги ублажи киселините?

    Обидете се да пиете јогурт на секој оброк, да грицкате бадеми и несолени пуканки. На некои жени им помагаат суви кекси или двопек, а некои не нашле храна која може да им помогне.

    Дали постои лек за киселини?

    Избегнувајте тешки вечери, јадете количински помалку, лесна, незачинета храна. Не легнувајте да спиете веднаш по вечерата, и ако не помогне и тоа, нека ви е подигната главата.

    Можете исто така да се обидете со лекови кои се користат за да ја ублажат киселината, како што се антацид или алгинат. Алгинатите формираат бариера на површината на желудочната содржина и механички спречуваат рефлукс на киселината и храната.

    Дали е вистина дека киселините се знак дека на бебето му расте косата?

    Тоа, се разбира, не е вистина.