ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Ќеркичке моја, не носи бренд. Биди бренд
    Ќеркичке моја

    Ќеркичке моја, не носи бренд. Биди бренд

    Ќеркичке моја, не носи бренд. Биди бренд.
    Кој би рекол дека дојде и тоа време кога на жените ќе им биде поважно што носат на себе отколку во себе.
    Не можам и не сакам да судам на оние кои живеат за потврден одраз во огледало. Ги пуштам луѓето сами да ги шијат своите конци. Не се мешам во телото и душата на другите. Не сакам да аплаудирам на едноставноста, а истовремено се трудам да се оддалечам од се што е кич и лажна фасада.
    Немам проблем со тоа да се проба се и да се потроши се. И тоа СЕ за некој е ништо. Евтино, скапо. Со етикета или пак не. И црна вреќа со ѓубре на некои жени одлично им стои. На некои жени, без разлика колку ќе се навредат, не им стои ни најскапата бунда во светот. Но, бунда е бунда, а вреќата со ѓубре е вреќа со ѓубре. Кога ќе видиш скапа бунда не гледаш уморно лице или пак загрижена жена со кецела околу струкот додека со едната рака го лупи компирот, а со другата го брише носот на расплаканото дете. Гледаш жена. Најдобрата верзија од неа. Гледаш мета која ја бара запалената стрела. Се чувствува добро само додека туѓите усни и испраќаат погледи. Тоа е залог, тоа е алиби за убавина.

    Се што е добро, кога тогаш ќе се врати, останатото ќе испари.

    Не сите ја бараат убавината во нас. Но се додека убавината е во прашање не е важно дали се бара од надвор или од внтаре….

    Имам размислувано со денови за девојките кои ми беа во опкружување. Тоа беа девојки со црни лакирани Louis Vuitton торби…на факултет имаше десеттина девојки со идентични торби. Идентични девојки. Мобилните вибрираа, доволно големи, доволно сјајни. На футролата им пишуваше Chanel. Ги посматрав. Ги посматрав доволно долго за да сфатам дека бараат внимание. Потврда за своето постоење. Цената која не беше закачена на нивниот врат. Но исто како и да беше. Бидејќи тоа се гледа. Тоа се чувствува. Жените тоа лесно го покажуваат, а за тоа не се воопшто свесни.

    Се што оди има цена
    Се што дише има вредност
    Предметите не дишат, доколку по некоја случајност сте заборавиле…

    Ќерко моја. Не носи бренд. Биди бренд. Еднаш ми кажа мојата мајка. Ме зема во прегратки и ме стискаше силно. Ти благодарам мамо. Твоите зборови одзвонуваат секој пат кога ќе погледнам такви лица со туѓи имиња. Тие робови, кои и на себе си се туѓи, а никогаш свои. А денес? Не. Не носам познати брендови и марки. Не затоа што не можам да си ги дозволам, туку затоа што до брендови воопшто не ми е дојдено. Можеби во плакарот имам по некое брендирано парче облека, но тоа сигурно сум го добила на подарок. Во животот многу ми е поважно да си купам добра и квалитетна книга, да си дозволам далечно патување, ситни работи…
    “Модата не е прашање на облека. Модата е во зракот, родена над ветерот. Морате да имате интуиција за неа. Таа е на небото но и автопатот.” Coco Chanel
    Ти благодарам Cоco. Ако немаш ништо против би се задржала на небото, на автопатот ми е претесно…:)
    И уште нешто за крај. На жената ништо не и стои толку добро како нејзината долна облека. Таа покрива многу повеќе од илјадници брендирани торби.
    Треба да се знае да се живее, повеќе во својата кожа, а помалку во туѓите очи.