ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Ќотекот е излезен од рајот – или можеби не?
    Ќотекот е излезен од рајот – или можеби не?

    Ќотекот е излезен од рајот – или можеби не?

    Изреката од насловот се провлекува низ секојдневниот говор во секој контекст кој подразбира дисциплина кај децата, давајќи оправдување за физичкото казнување како метод за воспитување. Тие што не се согласуваат ќе се надоврзат со следното:”Ако е така добар, зошто тогаш излегол од рајот?”, наведувајќи дека ваквиот начин на воспитување е застарен, а што е уште поважно и штетен, пред се поради тоа што кај децата во еден период  доаѓа до учење по методи, па и тие подоцна ја применуваат истата тактика за решавање на проблемите во градинка, училиште…

    Кој е во право, останува науката да реши и да ни даде алтернативии појаснувања. Установено е дека децата кои редовно добивале ќотек (под ќотек се подразбира удирање со дланка, најчесто по задникот), имаат значително смалување на сивата материја во мозокот, која е потребна за примање и преведување на сите информации кои ги добиваме преку нашите сетила.

    Континуираното удирање, туркање, стискање, вртење на раката – негативно се одразува на целосното ментално здравје. Возрасните кои имале вакви искуства во детството имаат поголема можност да паднат во депресија, да станат алкохоличари и да добијат пореметување.

    Во истражувањата во 2017 година откриено е дека тие личности кои добивале ќотек во детството, имаат поголема склоност кон пијанство, дрога, и што е најважно имаат поголем нагон за суицидност за разлика од личностите кои не биле физички казнувани.

    Луѓето кои биле изложени на насилство во детството се склони кон насилно однесување кога ќе пораснат, кон своето дете или кон својата партнерка/партнер.

    Алтернативи место ќотек:

    1.Дајте му на детето тајм-аут, ако детето се однесува лошо, изолирајте го. Ова подразбира да престане комуникацијата некое време (некои експерти препорачуваат за секоја година живот да се додаде по една минута).

    2.Дајте си на себе тајм-аут, ако сте лути и однесувањето на детето ве извадило од такт, дајте си неколку минути за да се смирите, а потоа применете некој вид на дисциплина (вие нема да се чувствувате како да сте ја изгубиле контролата, а детето на овој начин учи за здравото регулирање на емоциите).

    3.Кажете не – и мислете го тоа сериозно – викањето и расправиите само негативно допринесуваат во настанатиот хаос, воспоставете контакт со очите и зборувајте со јасен и цврст тон, користејќи што помалку зборови. Подоцна направете краток разговор во кој ќе му ги објасните на детето последиците од таквото однесување.

    4.Ако детето ги фрла играчките, земете му ги. Скратете му некое задоволство, како гледање цртани или колаче после оброкот.

    5.Користете пофалби-некогаш е тешко да се види посакуваното однесување, особено кај децата од предучилишна возраст, бидете упорни и ако забележите такво нешто моментално пофалете го или наградете го детето. Пофалбата има поголем ефект од казната!

    6.Учете го детето на нови вештини -ќотекот нема да го научи детето како да се однесува и да ги контролира своите емоции, учете го како да се смири, да ги реши проблемите и да направи компромис.

    7.Бидете доследни – трудете се секогаш да истраете во своите барања, но имајте на ум, дека ако еднаш попуштите, имате прилика следниот пат да се поправите.