
Класичната музика позитивно влијае врз развојот на децата
Класичната музика позитивно влијае врз развојот на децата
Истражување кое е спроведено на Универзитет во Лондон покажало дека децата кои во раното детство имале прилика да слушаат класична музика, подоцна во животот имаат развиена подобра социјална вештина, самодисциплина и концентрација.
Сузан Халам, професорка по музичка психологија, била на чело на студијата на која се правело испитување како влијае класичната музика врз развојот на детето. Експертите правеле испитувања врз деца од 7 до 10 годишна возраст на начин што ги запознавале децата со музиката и композиторите.
Програмата била направена на начин што децата биле поделени во групи а секоја од групите имала можност да присуствува на часови прилагодени за таа возраст на деца, каде се запознавале со музички инструменти. Музичарите пред да започнат со свирење, им објаснувале на малечките на што би требало да обрнат внимание, а по концертот разговарале со нив за музиката и инструментите. Во програмата “Apollo Music Projects”учествувале околу 4.500 момчиња и девојчиња, додека на концертите присуствувале вкупно 22.000 деца.
Резултатите до кои дошле истртажувачите покажале дека класичната музика има изненадувачко благотворно дејство врз развојот на социјалните вештини кај децата. Децата кои како мали слушале класична музика покажале способност за слушање, сочуство и потреба од други, а познато е дека таквите деца се остроумни и дека имаат низок ризик за деменција во понатамошниот живот.
Исто така, наставниците кои го прателе развојот на децата за време на траење на програмата во рамка кога се правело ова истражување, приметиле напредок во познавање на мајчиниот јазик кај децата кои учествувале во студијата.
Најинтересни резултати до кои дошол тимот на Halam е дека слушањето на класичната музика од различни композитори влијае на различни аспекти во животот. Автори како Димитрија Шостаковица, Феликс Менделсон и Равела можат да влијаат врз напредување на однесувањето на детето кое е важно за социјална интеракција со другите и го поттикнува детето да биде внимателно со помош на слушање на музиката на Моцарт и Бетовен која влијае врз концентрацијата и го зголемува нивото на самодисциплина на детето.