• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Кога бебето го фиксира погледот?
Кога бебето го фиксира погледот?

Кога бебето го фиксира погледот?

До кој период најдоцна бебето треба да го фиксира погледот?

“Фиксацијата” на погледот е многу сложен невролошки процес кој зависи од две важни “фази”.

Првата се одигрува во мозокот и нервите кои ги регулираат движењата на очните јаболчници, а другата се случува на нивото на мускулите – раздвижувачи, кои се “извршители” на наредбите од мозочниот центар.

Се зависи од видното поле и движењето на предметите и личностите во околината на бебето, затоа што тие се стимул за синронизација на движењето на очните јаболчници.

Затоа е потребно време за сето ова да “легне” на свое место, па бебињата поради тоа ретко го фиксираат погледот додека длабоко не зачекорат во втората половина од првата година од животот. Кај некои деца овој процес нормално малку доцни, па не е реткост потполната контрола на погледот да се комплетира и во втората година од животот.

Доколку родителите кај бебињата кои се постари од 8 месеци забележат дека едното око стално “доцни” или “бега” кога детето гледа, треба да се посоветуваат со педијатарот кој го прати детето.

Релативно едноставниот преглед од страна на педијатарот може да го реши проблемот и да даде одговор дали детето треба да биде прегледано од страна на офталмолог (кој работи со деца).