ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Кога бебето може да козумира мед?
    Кога бебето може да козумира мед?

    Кога бебето може да козумира мед?

    Кога бебето може да козумира мед?

    Воведувањето на цврста храна е важен чекор во развојот на бебето, но родителите мораат да бидат внимателни за намирниците кои им се даваат на бебињата, бидејќи иако се здрави, не се безбедни по здравје за малечките. Една од тие намирници е и медот.

    Иако медот е една од најздравите и најлековитите намирници, бебето не би смеело да ја јаде пред 1 година. Всушност, медот може да содржи бактерии (Clostridium botulinum), која може да се размножува во бебиниот дигестивен тракт и да предизвика ботулизам, ретка но потенцијално фатална болест.

    Оваа болест обично е безопасна за поголеми деца и постари од една година, бидејќи нивниот цревен тракт може да спречи рамножување на бактерии, меѓутоа кај бебе може да создаде токсини опасни по живот. Производите кои содржат мед, како што се житарки и готови кашички, се безбедни за вашето бебе, бидејќи се прозведени на висока температура која ги убива бактериите.