Кога бебето ќе заспие, квалитетно искористете ја секоја минута
Секоја мајка нема доволно време за да ги заврши сите работи, па затоа времето кога бебето спие најчесто го користи за да започне 100 работи, но не успева ни една да ја направи квалитетно.
Пробајте додека бебето спие и вие малку да се одморите. Кога ќе се разбуди, вашите обврски продолжуваат, а за квалитетна грижа на детето пожелно е да бидете одморени и смирени.
Секако, не очекувајте дека ќе се наспиете во тие кратки паузи кога детето ќе заспие, но ќе ви дадеме совети како и будни можете да се одморите и да ја вратите својата енегрија. Расчистувањето на домот, чистењето или одењето на пазарење направете го со детето или некои од тие задачи дадете му ги на партнерот.
Додека бебето спие, сместете се удобно во фотелја и разгледувајте ги семејните албуми. Носталгијата ќе ве врати во минатите времиња и многу повеќе ќе го цените вашиот партнер кога ќе се присетите колку многу сте поминале заедно. Така ќе ги одморите и вашите уморни нозе. Ако имате некој слики кои одамна требало да ги сместите во албум, сега е право време за тоа.
Туширањето знае да биде прав луксуз за мајките. Затоа, кога бебето ќе заспие, идеално време е да се опуштите под тушот. Запалете миризлива свеќа, после туширањето намачкајте се со лосион за тело кој со месеци не сте стигнале да го пробате. Овој “луксуз” можете да го замените со негување на лицето со пилинг или некоја хранлива маска, со депилација или фенирање на косата.
Направете список. Одење на лекар, работи кои морате да ги купите, договори со пријатели, работни обврски или семејни планови-се ставете на хартија, која ќе биде на видливо место, така што ништо од списокот нема да заборавите. Мала плоча и креда идеални се за ваков попис. Обврската која ќе ја завршите, едноставно ќе ја избришете од плочата.
Направете online набавка додека бебето спие. Ако немате автомобил, а продавницата ви е далеку, проверете на интернет кои маркети нудат куповина со бесплатна достава. Ова ви е одлично решение за покрупните работи, како пелени, тоалетна хартија…работи кои тешко може да ги донесете ако купувате со мало бебе.