Кога да направите тест за бременост?
Најдобар начин да ја тестирате бременоста е да причекате додека не ви изостане менструацијата. Тестовите за бременост кои можете да ги набавите во аптеките можат најдобро да го покажат резултатот. Меѓутоа, доколку сакате да дознаете порано, ќе ви наведеме уште неколку работи кои можете да ги земете во предвид кога ќе го одберете времето за тестирање.
Овулација, зачеток и имплантација
Секоја жена е различна, времето потребно оплодената јајце клетка да се смести во матката може да варира. Најчестата заблуда е дека имплантацијата се случува 7 дена по зачнувањето. Имено, истражувањата покажаа дека првиот знак на хормонот за бременост HCG, поради имплантацијата, се јавува 6-12 дена по овулацијата, со тоа што кај 84% од трудниците имплантацијата се случува помеѓу 8-от и 10-от ден по овулацијата.
Ако вашиот тест за бременост не е позитивен, тоа не значи нужно дека не сте трудни. Можеби сте имале овулација подоцна (што значи дека зачетокот и следствено на тоа производството на HCG хормонот не се случила онака како што сте мислеле), или кај вас процесот на имплантација траел подолго од просекот.
Осетливост на тестовите за бременост
Осетливоста на денешните тестови за бременост може многу да варира. Колку е тестот поосетлив, поголема е и шансата дека ќе ја открие вашата бременост пред да треба да добиете менструација. Осетливоста на тестот за бременост значи дека може да открие помало ниво на хормонот HCG. На пример, некои тестови можат да откријат 20 mlU хормон HCG додека други ја откриваат бременоста дури на 150–200 mlU. Ова значи дека тестовите кои можат да откријат помала количина на хормонот можат побрзо да дадат позитивен резултат од останатите тестови.
Тестот кој е осетлив на 20 mlU хормон HCG може да ја открие бременоста 6–8 денови по овулацијата (нормално ако се случила имплантација), но многу мал број на жени толку рано може да добие позитивен тест. Овој процент расте кај жените кои го направиле тестот 9-от или 10-от ден по овулацијата.
Исто така, секогаш можете да се посоветувате и со својот гинеколог за тоа кој тест за бременост е најдобро да го направите. Кога тестот за бременост ќе биде позитивен, секако следниот чекор е посетата на гинеколог и закажувањето на ултразвук, како бременоста би можела и официјално да биде потврдена.