
Кога детето не треба да се носи во градинка
Симптоми поради кои не треба да се носи детето во градинка
Дали поради висока температура детето треба да остане дома?
Што ако детето кашла и црвено му е грлото?
Дали треба да сте загрижени поради стомачни проблеми?
Што ако детето добие осип (се исфрли) по кожата?
Дали да сме загрижени поради обична настинка?
Кога детето треба да оди повторно во градинка?
Дали поради висока температура детето треба да остане дома?
Ако детето има температура повисока од 37,5 °С би требало барем еден ден да остане дома, а ако е помало од една година обавезно треба да се однесе на лекар бидејќи ако е детето помало температурата може да биде поопасна.
Поред тоа, детето поради покачената температура сигурно ќе биде нерасположено и нема да може да си игра со своите другарчиња, па подобро е тој ден да одлежи дома.
Што ако детето кашла и црвено му е грлото?
Ако освен црвено грло детето има и температура, отечени жлезди, главоболка, болки во стомакот, однесете го на педијатар, кој ќе му препише терапија. Исто така не треба да се занемари и кашлицата, посебно ако е сува или продуктивна со шлаем.
Дали треба да сте загрижени поради стомачни проблеми?
Ако детето има пролив подолго од 24 часа не би требало да се носи во градинка.
Дијареја, повраќање, болки во стомакот се чести проблеми кај децата, но сигурно често не сте баш сигурни колку се овие симптоми озбилни.
Болката во стомак често може да биде прв симптом, после тоа се јавува пролив, повраќање, покачена температура и овие озбилни симптоми не треба да се игнорираат. Меѓутоа, ако детето го заболи стомак после јадење, причина може да биде дека се прејало или дека изело нешто што не му одговара, па чуствува нелагодност во стомакот. Во тој случај може да помогне јаболко, бидејќи го подобрува и забрзува варењето.
Ако детето повраќало повеќе од два пати, вероватно се работи за некоја инфекција, па треба да го однесете на лекар, поготово ако повраќа почесто. Водете сметка детето да не дехидрира, па спремете му чај и давајте му помалку.
Ако детето има пролив повеќе од 24 часа, или ако има три многу водести столици днево детето не би требало да се носи во градинка. Како и кај повраќањето, водете рачун да не дехидрира, а ако столицата е крвава или со слуз, одма побарајте помош од лекар.
Што ако детето добие осип (се исфрли) по кожата?
Во случај на промена на кожата, јак осип (исфрлање), црвенило, чешање, детето би требало да остане дома, бидејќи ако не е под ваша контрола може да се чеша и да ја влоши состојбата. Секако би требало да се однесе кај педијатар кој ќе му препорача/препише креми и масти кои одговараат.
Дали да сме загрижени поради обична настинка?
Ако вашето дете кива, кашла, носот му тече, сигурно ќе помислите дека тоа е само обична настинка и дека тоа не е ништо озбилно бидејќи детето е расположено и весело. Меѓутоа, имајте на ум дека ситуацијата може да се влоши преку ноќ, односно детето може нагло да добие температура, главоболка……
Сигурно детето не треба да се остави дома штом се накашла, но ако приметите неколку симптоми (кашлица, кивавица, црвенило на грлото…) подобро е ден-два да остане дома, за да не дојде до тоа настинката да се искомплицира.
Кога детето треба да оди повторно во градинка?
▪ Доколку детето нема температура 24 часа
▪ Не повраќало и немало пролив повеќе од 24 часа
▪ Само малку му тече носот, но нема температура, сува кашлица, не диши отежнато
▪ Ако детето е расположено, си игра, има добар апетит….