• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  КОГА Е ПРАВ МОМЕНТ ДЕТЕТО ДА НАУЧИ ДА ПЛИВА?
КОГА Е ПРАВ МОМЕНТ ДЕТЕТО ДА НАУЧИ ДА ПЛИВА?

КОГА Е ПРАВ МОМЕНТ ДЕТЕТО ДА НАУЧИ ДА ПЛИВА?

Стручњаците сметаат дека идеално време за прв контакт со водата е кога бебето ќе наполни 10 месеци.

Кога е право време детето да научи да плива?

Многу родители чекаат детето да наполни неколку години или дури и да тргне во школо. Стручњаците, сметаат дека идеално време за првиот контакт со вода е кога бебето ќе направи 10 месеци и веќе тогаш реагира на инструкциите на обичен тренер, нормално во присуство на мама и тато.

Истражувањата покажуваат дека децата кои порано почнуваат да пливаат, побрзо се развиваат. Анкетирани биле 7000 родители и деца во текот на три години и дојдено е до заклучок дека децата од предучилишната возраст кои се веќе мали делфини, имаат подобри визуелно-моторички вештини, а и подоцна побрзо напредуваат во училиште.

Покрај тоа, спортот го зајакнува имунитетот, ја обликува мускулатурата, го зајакнува капацитетот на плуќата, дејствува на квалитетот на сонот и го зголемува апетитот. Децата во главно ја сакаат водата и лесно се адаптираат на неа, но поголемите мораат да бидат претпазливи.

Пред своето дете да го однесете на пливање за да научи додека да отидете на море, проверете ги условите на базенот. Важно е водата да биде секогаш чиста и топла, просторијата затоплена, а инструкторот на добар глас. Ако не е така, детето може да има повеќе штета отколку добро од овој спорт или да почуствува страв од вода. После базенот, обавезно да се тушира, тоа ќе го измие хлорот од кожата и ќе ја зголеми циркулацијата, а обавезно е и топло да се облече ако надвор е ладно.