Кога е вистинско време за прво бебе?
Истражување кое било направено од социолог од Универзитет во Тексас (САД), направено на 2000 мајки покажало дека идеален период за раѓање на првото дете е во 34-тата година од животот.
John Mirowsky, човекот кој го правел истражувањето, вели дека од биолошка гледна точка, најдобар период за зачеток е во касните тинејџерски и раните дваесетти години кога јајниците се свежи и стапката за спонтан абортус, мртвородени деца, вонматерична бременост и проблем со зачеток е најмала.
Од друштвена гледна точка, овој период не е идеален за поголемиот број на жени бидејќи доцниот тинејџерски и раните дваесетти години не чувствуваат доволна одговорност и не се спремни за раѓање на дете. Луѓето се репродуктивно позрели за 10 години пред друштвено до созреат.
Жена која родила дете со 34 години, веројатно ќе биде, во здравствена смисла, 14 години помлада отколку онаа што родила на 18 години.
Тој исто така смета дека жените во 20-тите кои сакаат да го усогласат школувањето, кариерата и семејниот живот може да очекуваат оптимални здравствени проблеми за разлика од оние во триесетите години.
Ова истражување покажало дека е најдобро здрава жена која своето прво дете го родила на 30 години, а долгорочно, добро здравје имале оние жени кои родиле во 31-вата година. Заклучокот од истражувањето покажало дека 34-тата година е идеална за прво бебе.