
Кога е вистинско време за прво патување со вашето бебе?
Одмор или ноќна мора: Кога е вистинско време за прво патување со вашето бебе?
Се смета дека бебето постаро од 3 месеци е сосема добар кандидат за патување. Сепак, внимателно испланирајте го патот но сметувањетп не би тебало да биде многу оддалечено од местото каде живеете, барем не за првата авантура.
Еве неколку совети како вашето прво патување со бебето биде во најдобар ред.
Водете сметка да не го пореметите ритамот на бебето
Со оглед на тоа дека брзо по породувањето сеуште се прилагодувате на новонастанатата ситуација, како вие така и вашето бебе, водете сметка за времето за спиење и хранење со која понекогаш може да биде многу тешко да се испланира било каков одмор. Доколку патувате во место кое побарува и промена на временска разлика, полека водведувајте ги промените и распоредот на хранење, бањање и спиење неколку дека пред самиот пат.
Избегнувајте големи гужви и јавно собирање.
Излагањето на новороденчето во гужва и јавни места во кои има голем број на висруси, секако го зголемува ризикот вашето бебе на своето прво патување да ја “закачи” и својата прва настинка. Многу е важно да водите сметка за температурните разлики и да се потрудите бебето да јаде доволно често, баш како што е навиката кога сте дома. Помеѓу хранењата и менувањето на пелени, бебето сигурно ќе бара повеќе внимание, па припремете се на тоа.
Торбата во која се сместени работите на бебето нека биде ваш приоритет.
Потрудете се за пакувањето да размислите неколку дена однапред. Сетоа она што вам може да ви биде потребно за непредвидливи ситуации мора да се најде во торбата. Од медицинска нега до омиленото мече без кое вашето дете не може да заспие. Мислете на се.
Обавезно размислете за капи, шешири кои ќе го заштитуваат вашето дете од сончевите зраци. Побарајтекрема за бебе која содржи висока заштита на UV зраците. Доколку бебето е постаро од 6 месеци, слободно можете да го намачкате со помала количина на крема по неговото лице, или доколки се одлучите за крема во форма на спреј , посебно водете сметка за заштита на очите пред самото наносување.
Безбедното возење на прво место
Столчетп за бебе во колата задолжително треба да биде на задното седиште. Порверете ја безбедноста пред самото одење на пат и осигурете се дали бебето во него е доволно прицврстено. Водете сметка за температурата во автомобилот и бидете одговорни инабавете заштита за стакла доколку се одлучите за патување од неколку дена. Исто така доколку се одлучите за патување со воз, автобус или пак такси, немојте да заборавите на бебиното седиште, тоа ќе биде далеку посреќно доколку седи на неговото седиште отколку на некое во кое се менуваат илјада луѓе.
Што и да сте планирале да правите за одмор, потрудете се првите неколку дена да не биде распоредот пренатрупан со разни активности. Многу работи не можете да ги предвидите, но е многу важно да не го расипете ритамот на живототна детето кое го има во домот.