• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Кога е вистинското време за бебе?
Кога е вистинското време за бебе?

Кога е вистинското време за бебе?

ginger

Доколку вие и вашиот партнер сакате бебе, веројатно веќе сте почнале да ги пратите плодните денови и врз база на физичката чувствителност и симптомите кои ги чувствувате, можете да знаете кога точно овулирате.
Сакате бебе? Еве неколку суптилни знакови кои ќе ви помогнат да одредите кога е вистинското време.
1. Румени образи
Розеникавата кожа е знак на младост и плодност, но според истражувањата спроведени на Универзитетот во Глазгов, кожата на жените во овулација често е видно зарументета. Тоа е поради хормонот естрадол, кој во тој момент е зголемен и го поттикнува руменилото на вашето лице па ве издава.
2. Симпатии кон црвената боја
Според неколку спроведени истражување, жените во периодот на овулација често одбираат облека во црвени нијанси. Во периодот на овулација објаснуваат, жените потсвесно бираат нијански со кои би можеле да привлечат повеќе внимание.
3. Промена на гласот на бојата
Можеби нема воопшто да приметите, но вашиот сопруг би требало да примети, доколку малку обрати внимание. Во денови кога жената е најплодна, гласот најчесто станува по груб.
Причина? Како што хормоните влијаат на цервиксот, така влијаат и на мекото ткиво на грлото и гласните жици, па варијациите во количина на тие хормони може да произведе варијации на количина на проток на крв, оток или задржување на вода, па гласот станува понежен или пак зарипнат, поточно ја менува бојата во зависност од тоа во кој период од циклиусот се наоѓате.