• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Кога е вистинското време за воведување на кравјо млеко во исхраната на бебињата?
Кога е вистинското време за воведување на кравјо млеко во исхраната на бебињата?

Кога е вистинското време за воведување на кравјо млеко во исхраната на бебињата?

Кога е вистинското време за воведување на кравјо млеко во исхраната на бебињата?

Кравјото млеко е незаменливо корисна намирница во исхраната на децата. Дознајте кога би требало да го понудите на вашето бебе и во кој облик.
Поради хранливите состојки кои ги содржи, а кои се неопходни за правилен раст и развој, млекото е една од најсовршените намирници кои децата би требало секојдневно да ги внеусваат во организмот.
Во првата година бебето би требало да пие исклучително мајчино или адаптирано млеко, бидејќи нивниот дигестивен систем не е во ситуација да вари протеини како кравјото млеко. Меѓутоа, децата од седум или осум месеци во нивната исхрана може да се внесе и мала количина на млечни производи, како сирење и јогурт. Богати се со калциум и неопходни масти, овие две млечни намирници се одлична храна.
После првата година бебешкиот организам е спремен за кравјо млеко. За детето полесно да го прифати и да ја засака оваа корисна намирница, во исхраната треба да се воведе постепено. На почетокот можете да го мешате со млекото кое го пиело претходно, но и може да додадете зеленчук и овошје. Исто така, сутлијаш, милкшејк и пудинг се здрави млечни ужини кои сите деца треба да ги јадат.


Препорачана дневна доза на млеко и млечни производи се разликува од возраста. Луѓето кои редовно пијат млеко имаат подобро помнење од оние кои немаат млечни производи во исхраната. Исто така, децата кои пијат млеко се повисоки од своите врсници.
– едногодишно дете: 500-700 ml.
– деца од две години и над две години: 400-500 ml
– адолесценти: 600 ml млеко и млечни производи
Многу е важно да се одбере вистинското млеко за вашето дете. За помали деца препораката е тоа да биде со најмала масленост до 2,8%.
Млекото е богат извор на калциум, витамин А и магнезиум-значајни за изградба на коските и забите како и за правилно функционирање на мускулите и крвните садови.
Овој природен енергетски напиток обезбедува протеини за раст, но и јаглени хридрати како извор на енергија.