ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Кога е време за одвикнување од пелени
    Кога е време за одвикнување од пелени

    Кога е време за одвикнување од пелени

    Дали има идеално време за одвикнување од пелени?

     

    За одвикнување од пелени, детето треба да достигне одредена зрелост која е потребна при процесот на развој на мочниот меур и дебелото црево. Се разбира, децата се разликуваат во сè, дури и по ова прашање. Статистичките податоци велат дека децата се генерално зрели и можат да ги контролираат физиолошките потреби помеѓу 18-тиот и 24-тиот месец.

     

    Токму тој е периодот кога треба да се започне со одвикнување. Можеби веќе сте слушнале од вашите мајки и баби дека тие веќе околу една година ги одвикнале своите деца од пелени. Некои веруваат дека денешните пелени за еднократна употреба се виновни, дека децата ги носат подолго, бидејќи детето не се чувствува влажно кога е во нив.

     

    Сепак, психолозите и педијатрите сметаат дека не е неопходно да се стави детето на нокшир со сила, бидејќи може да се создаде контраефект и одбивност. Најважно од сè е детето само да сфати дека гаќите се поудобни од пелените и дека употребата на гаките е побрза и полесна отколку да се повива. Ако вие како родител упорно инсистирате на отстранување на пелената, детето ќе дојде до заклучок дека неговите гаќи се штетни за идеалниот живот што тој го има во пелени.

    Знаци дека детето е подготвено за нокшир

     

    Постојат различни знаци кои укажуваат на родителите дека детето е подготвено за отстранување на пелена, а некои од нив се:

     

    Детето останува суво повеќе од два часа

    По голема нужда, бара да го промените и да го измиете

    Отворено вели дека неговите пелени му сметаат

    Само бара нокшир и седнува на него

    Ако забележите некој од овие знаци, време е да започнете со одвикнување. Сепак, Ве советуваме да се снаоѓате со трпеливост. На некои деца им требаат само неколку дена, а некои дури и неколку месеци да се извлечат од пелени. Постојат деца кои се две или дури две и пол години, но тие не се зрели за одвикнуваее од пелени, така што тие го прават тоа на три или четири години.

    Знаци дека детето не е подготвено за одвикнување од пелена

     

    Бидејќи постојат знаци дека детето е подготвено за нокшир, така има и знаци дека не сакаат да се одвикнат од пелени. Ако забележите некој од знаците, оставете го Вашето дете да прави нужда во пелени, бидејќи сè уште не е зрело за одвикнување.

     

    Секогаш стои над нокширот и мочка на подот

    Тоа се противи, крикнува, плаче секој пат кога ќе се обидете да ја извадите пелената

    Кога ќе му ја тргнете пелената, мочка или кака по килимот

    Тоа оди по станот со полни пелени, а потоа седнува на подот без знаци дека ова чувство му е непријатно

    Се крие во плакарот, аголот, под маса или во друга просторија, а потоа само слушате звуци дека кака

    Ако му принесете нокшир, детето постојано вика дека не го сака

    Тоа е револтирано секој пат кога ќе се спомене нокшир или одење во бањата за вршење нужда

     

    Дали постојат правила за одвикнување од пелени?

    Нема правила за одвикнување од пелени, но има некои совети кои ќе ви олеснат

    Купете нокшир и чувајте го на видно место, за да се навикне на неговото присуство

    Обидете се да создадете одредени навики за седнување на нокширот, на пример, ставете го детето на нокшир по будењето, по или пред оброците, пред капење, пред прошетки или по прошетка

    Не купувајте музички нокшири за деца, бидејќи ќе мислат дека тоа е играчка, а не место за изведување мали и големи потреби

    Не дозволувајте детето да седи долго време на нокшир, бидејќи тоа може да предизвика спротивен ефект

    Прашајте го вашето мало момче или девојче дали му се мочка или кака, затоа што кога играат , забораваат што треба да прават

    Пофалете го Вашето дете по извршена нужда на нокшир

     

    Идеалното време за одвикнување е пролет и лето, затоа што тогаш може да го соблечете вашето дете по гаќи

     

    Не го казнувате вашето дете никогаш, ако не сака да кака на нокшир и сеуште тоа го прави во пелени.