• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Кога е време за второ дете доколку сте имале спонтан абортус?
Кога е време за второ дете доколку сте имале спонтан абортус

Кога е време за второ дете доколку сте имале спонтан абортус?

Сигурни сме дека голем дел од вас, се прашувале кога е право време за дете после спонтан абортус. Ова исто така е едно од најчестите прашања кои им се поставуваат на гинеколозите по првиот спонтан абортус. Според неколку нови истражувања кои се направени, се вели дека доколку се е во ред со мајката и не се случиле повеќе спонтани абортуси, таа не треба да го одлага времето, туку што побрзо да остане бремена бидејќите шансите за здрава бременост се многу посигурни.

Ова конкретно значи дека жената која ќе затрудни во рок од шест месеци после спонтаниот абортус, ги намалува шансите да има повторно спонтан абортус или пак било какви други компликации во бременоста во однос на жени кои чекаат подолго време да останат трудни повторно по спонтаниот абортус. Советот кој се дава на паровите е дека треба да “работат на дете” во првиот момент кога ќе осетат дека се спремни физички и психички.

brebenost, spontan abortus, majka, roditeli, bebe, babyshop, babyshopmk, babyshopblog

.
Што порано тоа подобро ?

Одговорот на ова прашање за колку долго треба да чека една жена која имала спонтан абортус е контроверзна. Докторите од Велика Британија сугерираат дека жените треба во што пократок период да пробаат да останат бремени додека пак спротивно на ова Светската здравствена организација( СЗО) вели да се почека најмалку шест месеци, додека пак група на гинеколози сметаат дека треба да се почека дури и 18 месеци.

Во една студија се докажало дека жените кои останале бремени во рок од шест месеци по спонтаниот абортус имале подобро резултати и помал ризик од компликаците во однос на трудници кои подолго чекале да затруднат после спонтаниот абортус.

Жени кои после спонтаниот абортус чекале и до две години да забременат имале многу поголема опасност од вон матерична бременост и од нов спонтан абортус.Исто така кај овие жени многу често се случува да се породат со царски рез и да имаат предвремен пораѓај со бебиња кои имаат помала тежина. Постојат и под групи на жени кои мораат да почекаат долг временски период со цел да останат бремени вклучувајќи ги и жените кои имаат знаци на било каква инфекција.