ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Кога и како се воведува цвекло во исхраната на бебето
    Кога и како се воведува цвекло во исхраната на бебето

    Кога и како се воведува цвекло во исхраната на бебето

    Дознајте повеќе за моќното цвекло и воведете го во исхраната на вашето осум месечно бебе.

    Цвеклото содржи голема количина на витамини и минерали кои играат клучна улога во развојот на вашето бебе. Вклучувајки витамини А, Б и Ц и речиси сите минерали, како и влакна.

    витамини

    Витамин А – 35 IU

    Витамин Ц – 3,6 мг

    Ниацин – .33 мг

    Фолна киселина – 80 mcg

    Пантотенска киселина – .14 мг

    Витамин Б6 – .06 мг

     

    Исто така содржи и други витамини во мали количини.

     

    минерали

    Калиум – 305 mg

    Натриум – 77 мг

    Калциум – 16 мг

    Фосфор – 38 мг

    Магнезиум – 23 мг

    Железо – .79 мг

     

    Исто така, содржи помалку количини на селен, манган, цинк и бакар.

    Кога е време да се воведе цвекло во исхраната на бебето?

    Времето за воведување цвекло е од осмиот до десеттиот месец, но како и секогаш, се препорачува да го консултирате со избраниот педијатар за воведувањето на оваа моќна храна.

    Како да изберете и да чувате цвеклото за бебето?

    Цвеклото не припаѓа на “ризични” храни, или оние кои во голема мера се загадени со пестициди.

    При изборот е доволно само за да биде свежо. Исто така, помалите цвекла се помеки и вкусни, се препорачува да не земате цвекло кое има дијаметар поголемо од 7-8 см.

     

    Изберете оние кои немаат флеки и не се “погодени” кога е можно, земате ги оние што сеуште имаат зелени листови, бидејќи тие сигурно се свежи. Исто така, не обрнувајте внимание на земјата што го покрива, само дома детално отсранете ја.

    Кога ќе го донесете дома, веднаш по деталното миење, треба да ги отстраните листовите и потоа да го затворите во сад со капак или кеса за замрзнување. Чувајте го во фрижидерот во фиоката за овошје и зеленчук или на дното на фрижидерот. Ова е начинот на кој можете да го задржите, свежо една недела.