Кога ќе можете да го дознаете полот на бебето
Кога се гледа дали е момче или девојче?
Кога ќе дојдете на преглед во 18-тата недела од бременоста, веќе јасно може да се види дали е во прашање момче или девојче, но дури и тогаш постои можност гениталиите да се незгодно поставени и дури ни тогаш да не дознаете дали се работи за момче или девојче, се до наредниот преглед.
Во принцип, на современите ултразвучни апарати, искусен лекар може веќе помеѓу 13 и 14 недела да ви каже кој пол е бебето. Посебно доколку се работи за момче. За бебето од машки пол, лекарите обично порано се изјаснуваат.
Родителите често го дознаваат полот на бебето дури во тек на второто тромесечје на некој од прегледите. Тогаш веќе гениталиите се доволно видливи така што лекарот јасно може да го види полот на детето.
Некои родители не сакаат да го дознаат полот на бебето, додека други сакаат да се припремат на време и се да обезбедат во пригодна боја. Одлуката е ваша.
Имајте на ум дека во нашите болници сеуште постојат голем број на лоши ултразвучни апарати, па може да се случи лекарот прво да каже пол кој не е точен, а потоа на следниот преглед да се премисли. На крај ќе ве збуни и вас, па веќе не знаете да кажете кој пол е бебето.
Меѓутоа, доколку станува збор за современ апарат, неретко се случува родителите дури и ако не знаат сами да го воочат изгледот на гениталиите на екранот при ултразвучниот преглед.
Амниоцентезата и другите анализи од тој тип се единствен начин да бидете 100 % сигурни кој пол е вашето бебе.
Постојат стари бабини приказни за одредувањето на полот на бебето. Обично ниту една не е точна, но истите се доста забавни.