ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Кога миењето коса, за детето станува кошмар
    Кога миењето коса

    Кога миењето коса, за детето станува кошмар

    Бебињата најчесто сакаат да се брцкаат во кадата и сите уживаат во тој вечерен ритуал. Меѓутоа, кога ќе помине првиот роденден, започнуваат негодувањата постепено. Двегодишниците знаат понекогаш буквално да врескаат за време на целиот процес на миење на косата. Вистина е, како оваа фаза доаѓа нагло, така и поминува но во одредени моменти за да ја преживеете полесно, еве неколку начини да се олесни миењето на косата.

     
    Детето плаче кога му ја миете косата

    Речиси сите мали деца поминуваат низ фазата на одбивање кога треба да се мие косата. Најчестиот страв е дека водата и пената ќе дојде во контакт со очите.

    Прво, важно е да знаете дека миењето на косата еднаш неделно е сосема доволно за такви мали деца. Нивната коса не се валка и не се масти додека хормоните во пубертетот не почнат да лачат маснотијата.

    Ако детето е доволно возрасно за да го прашате што го вознемирува, ќе ви биде полесно да го решите овој проблем. Важно е да зборувате трпеливо со детето и да ги слушате неговите стравови и да покажете дека разбирате од што се плаши.

    Постојат различни начини да ја измиете косата. Некои деца се плашат од миење на косата во када, обидете се бебето да седи / стои во када, но може тоа лесно да го направите и во мијалникот.

    За почеток, купете шампон за бебиња (многу се означени со “без солзи ”)и секогаш понудете им крпа да ја држат на очите и имајте уште една при рака, ако водата им влезе во очите да не ги фати паника и веднаш да може да одговорите.

    Бањајте ги омилените играчки

    Направете бања во мал леген и заедно мијте ги играчките или уште подобро имитирајте го начинот на кој ја миете косата на вашето дете. Децата сакаат да знаат дека нивните миленици и херои го прават истото што и они го прават.

    Играјте си со пената

    Додека ја миете косата на детето, направете многу пена, а потоа направете смешни облици на косата. Покажете му во огледалото каква фризура има или како изгледа како еднорог. Значи детето ќе сфати дека миењето на косата може да биде забавно.

    Обрнете внимание на детето

    Ако имате можност, направете купка со пена во кадата за да се обидете да го одвлечете вниманието на миење на косата, така што детето ќе игра со пената. Или да му дадете некои играчки додека е во кадата.

    Вие исто така може да се обидете да ги анимираате децата со вербална игра: буква на буква, погодување на бојата, покажување делови од телото и слично.

     
    Обидете се да постигнете договор со кој со леснотија ќе ја мие косата, но ако не успеете, не грижете се, оваа фаза обично трае не подолго од една година.