ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Кога најрано можете да го дознаете полот на бебето?
    Кога најрано можете да го дознаете полот на бебето?

    Кога најрано можете да го дознаете полот на бебето?

    Ова е едно од најчестите прашања кое го поставуваат мајките. Постојат три начина да го дознаете полот на бебето:

    -неинвазивни пренатални тестови;

    -ултразвучен преглед;

    -инвазивни методи како амниоцентеза

    Денеска постојат нови методи како опција за одредување на полот многу пред ултразвучниот преглед. Тоа се генетски тестови од крвта кои со голема сигурност го одредуваат потенцијалното присуство на Даунов синдром и останати пореметувања на хромозомите.

    Овие тестови, покрај тоа, го одредуваат и полот на детето на основа на фрагментите на ДНК потекло од плацентата кои слободно пливаат во крвта на мајката. Овие тестови се нарекуваат неинвазивни пренетални тестови (NIPT) и се прават веќе од десеттата недела од бременоста. Нивната сигурност е дури 99,9%.

    Ултразвучен преглед

    Голем број на трудници го дознаваат полот на бебето некаде помеѓу 16 – 20 гестациска недела по ултразвучниот преглед. На овој начин може да се утврди полот на детето, но не секогаш со 100% сигурност. Позицијата на бебето во тек на ултразвукот е најважниот аспект за лекарот во процената при утврдување на полот. Нормално дека е очигледно полесно да се каже дека е машко. Пенисот или вулвата кај бебето се развиваат од 6-та недела, и девојчињата и машките на ултразвукот изгледаат речиси исто некаде до 14-та недела од бременоста.

    Вашиот лекар на ултразвукот ќе го потврди полот на бебето доколку неговата позиција тоа го овозможува, односно доколку можат да се видат гениталиите.

    Доколку бебето се крие, полот ќе се утврди на некој од следните прегледи.

    Инвазивни методи (амниоцентеза)

    Со оваа анализа пред се се потврдува можноста за присуство на генетски пореметувања, но со себе носи ризик од пометнување од 1%. И со оваа метода е можно да се утврди полот на бебето. Амниоцентезата се прави некаде околу 16 – 20 недела.

    Кои се причините за утврдување на полот кај бебето?

    Главна причина за одредување на полот е љубопитноста на родителите.

    Во ретки, многу позначајни случаи важно е да се знае полот на бебето од медицински причини, поради генетски болести, кои се поврзани за машкиот пол (хемофилија, неуромускуларни болести и.т.н.) или болести кои се поврзани со женскиот пол (тризомија х хромозом, Тарнеров синдром и.т.н.

    Немојте да бидете фрустрирани доколку за брзо време не го дознаете полот на бебето. Неговиот пол ќе го дознаете порано или подоцна, со помош на пренетални тестови или по пат на ултразвук. Во меѓувреме, започнете да купувате жолти или зелени бенкички, а кога ќе го дознаете полот на вашето малечко, поделете ја најубавата вест со своите пријатели!