ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Кога жените најмногу сакаат да станат мајки?
    Кога жените најмногу сакаат да станат мајки?

    Кога жените најмногу сакаат да станат мајки?

    Дали постои одреден период кога жената чувствува потреба да стане мајка? Новите истражувања покажуваат еден интересен податок, мајчинството е “заразно”!

    Истражувањето на Универзитетот Bocconi во Италија покажа дека жените чувствуваат поголема потреба за дете кога ќе дознаат дека нивните пријателки од средно школо добиле деца.

    “Оваа потреба е најизразена откако пријателките ќе добијат бебе, а врвот го достигнува две години подоцна. Потоа со тек на време се намалува, се додека долгорочно не почне да се губи” вели коавторката на студијата Nicoletta Balbo.

    Таа истакнува како ова истражување покажува дека одлуките за потомство не се само под влијание на индивидуални склоности, туку и на друштвата во кои се движиме.

    Влијанието на пријателките делува на некои одлуки и однесувањето на поединецот исто како што друштвото во кое се движиме може да делува на тоа дали ќе пушиме, пиеме или вежбаме. 

    Да се биде опкружен со пријателки кои веќе имаат деца може позитивно да влијае на желбата за раѓање на дете, а пријателките можат да бидат одлична подршка во текот на бременоста но и подоцна.