Кои 5 работи МОРА да ги направите пред раѓањето на вашето бебе?
Животот по доаѓањето на бебето или децата повеќе никогаш нема да биде ист. Ова сигурно сте го слушнале повеќе пати. Животните навики се менуваат и вашето секојдневие се менува од корен. Навиките за спиење и хранење, хигиенски навики е многу и уште многу други ќе добијат сосема нова рутина која ќе влијае на вашиот живот.
Тони Хамер на свој карактеристичен и духовит начин ги порачува следните 5 работи кои треба да ги направите пред да дојдат децата на сцена.
1. Останете долго будни
Останете будни до доцна во ноќта, дури и доколку работите наутро. Немојте ни да помислите на тоа дека сте уморни. Дури кога ќе имате деца на кои им излегуваат запчиња и не спие повеќе од 45 минути во ноќта, ќе сфатите што значи да се биде уморен и ќе жалите за деновите кога сте можеле да бидете будни до утринските часови и тоа по своја воља. Кога ќе имате дете ќе сфатите дека всушност можете да функционирато со многу малку сон. Затоа, слободно останете будни долго и тоа по своја воља.
2. Спијте долго
Да, сигурно ќе помислите како е ова тотална спротивност од она претходно напишаното. Но, го знаете ли она чувство кога ви се спие по малку, а потоа ќе се свртите на другата страна и продолжите со спиење? Е, тоа повеќе нема да го има. Затоа, немојте да имате на совест доколку сте ја преспале саботата до пладне. Уживајте во тоа.
3. Јадете топли оброци колку можете почесто
Пред раѓањето на бебето, поголемиот број на парови има испланирани денови и се држи до одреден распоред на оброци. Кога децата а фрлаат храната на едно на друго, плачат истовремено и треба да ги пресоблечете, избањате, успиете или нешто друго, ретко кога ќе имате прилика да јадете свеж и припремен оброк. Секогаш можете да ја подгреете храната, но да се јаде нешто свежо и топло е нешто што ќе ви недостасува долго време.
4. Одржувајте го домот чист
Веројатно мислите дека тоа и не треба баш да се нагласува. Чувајте го домот уреден и чист колку што можете повеќе бидејќи кога ќе дојдат децата, вашиот стандард, кога е во прашање чисотата, драстично се менува. Претходно сигурно сте можеле цел викенд да посветите на чистење на прашина до совршенство, но кога ќе дојде детето единствено што ќе успеете да направите е да избришете со хартиена хартија, да погледнете околу себе и да си помислите: Зошто да се “убивам” од чистење кога веќе следното утро се ќе биде исто? Уживајте во чистината на домот се додека не дојдат децата!
5. Уживајте во тишина
Живееме забрзан жвот опкружени со бука. Кога сте во можност, исклучете ги сите уреди кои предизвикуваат звукови или бука и едноставно уживајте во тишината и слушајте го своето дишење. Го слушате ли тој прекрасен звук?
Тоа е тишина која нема да имате прилика да ја слушнете во вашиот дом кога ќе дојдат децата. Тогаш ќе преовладува плачот, разни повиси, гугање и врисоци.