• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Кои предности ги имаат децата родени во Декември?! Прочитајте што велат истражувањата!
Кои предности ги имаат децата родени во Декември?! Прочитајте што велат истражувањата!

Кои предности ги имаат децата родени во Декември?! Прочитајте што велат истражувањата!

Декември е месец кога се раѓаат најмалите бебиња, па заради тоа се сметаат за посебни од самиот почеток. И покрај тоа штo нивниот роденден се поклопува со голем број на празници, тоа е уште еден знак дека овие деца се родени во посебен период. 

Според статистиките, постојат неколку причини поради кои бебето родено во декември е посебно. Еве неколку кои ги вели науката.

1. Овие деца обично се утрински деца и без проблеми одат на спиење. 

 Истражувањето спроведено од студенти во Италија и Шпанија вели дека децата родени во декември често се утрински типови за разлика од оние родените во текот на летото. Некои други истражувања пак покажале дека децата родени во овој период многу полесно се успиваат.  

2. Тие се меѓу најмладите во училиште

 Многу родители се загрижени поради тоа што нивното дете во градинка или училиште е едно од најмалите бидејќи е родено на крај од годината. Но сето тоа понатаму си носи свои предности. Истражувањата велат дека кога детето ќе биде на факултет овие деца остваруваат подобри резултати.

3. Веројатно ќе бидат стоматолози

The Guardian пишува дека истражување кое било спроведено во Велика Бристанија открива дека најголем број од стоматолозите се родени во месец Декември.

4. Многу често се леваци

 Децата родени во месец декември многу почесто се леваци, вели истражувањето на Виенскиот универзитет кој спровел истражување на 13 илјади возрасни личност од кои 7,5 % биле женски деца а 8,8 % машки деца кои пишувале со лева рака. Кога научниците ги провериле датумите на раѓање , увиделе дека поголемиот број на машки деца родени во период од 1 ноември и 1 јануари пишувале со лева рака. 

 5. Веројатно ќе имаат долг живот

 Според статистиките , луѓето родени во декември имаат најголеми шанси да имаат долг живот.