Кои реченици мајките ги изговараат секој ден?
Кога ги набљудуваме мајките со малите деца, забележуваме една симпатична и комична ситуација – мајките секогаш повторуваат едни исти реченици.
Со желба по изговорените реченици децата да станат совршено послушни и мирни, мајките упорно пробуваат да ги насочат своите деца што да направат. Понекогаш и самите си делуваат смешно кога ќе видат дека нема никаков ефект, а понекогаш мораат да го сменат начинот на говор, но и фреквенцијата како информацијата воопшто би дошла до нивното заиграно дете. Предизвикот е голем и нема откажување.
Ова се најчестите реченици кои мајките им ги изговараат на своите деца во секојдневието:
1.Почекај една минута.
2.Дали ги изми рацете?
3.Каде ти се патиките?
4.Можеби подоцна.
5.Само изеди го тоа.
6.Извади го тоа од уста.
7.Дали воопшто ме слушаш?
8.Можеш само уште еден…
9.Симни се од таму…
10.Врати ми го телефонот.
11.Да не заборави нешто?
12.Ништо не те разбирам додека плачеш.
13.Смири се прво.
14.Што правиш?
15.Престани да врескаш.
16.МАМА ТЕ САКА НАЈВЕЌЕ НА СВЕТОТ.