• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Кои се најубавите имиња за близначки?
Кои се најубавите имиња за близначки?

Кои се најубавите имиња за близначки?

Идните мајка и татко, покрај сите недоумици и возбудувања со кои се среќаваат во периодот на бременоста, имаат и една навистина убава, но предизвикувачка задача – да им дадат имиња на своите деца. Уште ако се во прашање две бебиња, одлуката станува покомплицирана и понекогаш се оддолжува се до нивното раѓање. Некои идни родители на близнаци/близначки сакаат имињата да се “сложуваат” или  римуваат, додека на други им е важно поединечните имиња да им се допаѓаат.

Во една група за мајки, една идна мајка на близначки ги праша трудниците и другите мајки да и дадат предлози со имиња за близначките кои ги очекува. На своето прашање доби неверојатни 300 коментари. Предлозите се оригинални, поинакви и за сечиј вкус:

-Лана и Милена;

-Андријана и Ангела;

-Елена и Магдалена

-Миа и Дарија;

-Софија и Сара;

-Ана и Јана;

-Стела и Луна;

-Теодора и Леонора;

-Ивана и Ивона;

-Калина и Илина