Кои се придобивките од конзумирање на фолна киселина?
Фолната киселина претставува витамин Б кој е клучен за изградба и подобрување на DNA молекулот, генетскиот материјал кој ги контролира сите телесни ќелии. Познато е дека го намалува пореметувањето кај новородените бебиња а новите студии докажале дека жените кои земале фолна киселина во раната бременост го намалиле ризикот од раѓање на бебе со аутизам за 50 %.
Секоја жена која сака да забремени треба задолжително да внесува фолна киселина, баш поради ризикот од пореметување во раната фаза на фетусот. Фолната киселина може да се пронајде во мали количини во храна како што е спанаќ, грав, грашок леќа…