Кој е идеален период за бременост?
Се повеќе има парови кои сакаат да добијат дете, но не успеваат. Освен објективните физички препораки, постојат и фактори кои може да влијаат врз зголемување на шансите за забременување.
Кај здравите жени и мажи, најголемиот број за бремености се случуваат во првите 6 месеци по редновните сексуални односи. Во првиот месец до два, 30 проценти од паровите успеваат да добијат бебе. Околу 85 проценти од жените кои имаат редовен однос, забременуваат во период од една година. Оние парови кои после една година со редовни односи не успеале да добијат бебе, би требало да започнат со прегледи, кои би потврдиле и би укажале на тоа дали некој од двата партнери има некаков проблем.
Кај некои парови се покажува дека се е во ред и треба да бидат упорни. Во други случаи единствено решение е вонтелесно оплодување. Меѓутоа, постојат парови кај кои може да помогнат и промените на лошите навики.
Можноста од забременување повеќе зависи од тоа колку години има мајката за разлика од тоа колку години има таткото. Жената најлесно може да забремени до 26-тата година, веќе од 27мата година способноста благо опаѓа, а многу се намалува после 35-тата година. После 40 години, способноста, жената да остане бремена е ниска, така што бременоста кај жена над 45 години е исклучително ретка појава. Паровите кои одолговлекуваат со одлуката да станат родители, треба да бидат свесни дека како времето поминува, нивната способност да се направи бебе се повеќе се намалува.
Исто така, можноста жената да забремени зависи од нејзината овулација и квалитетните сперматозоиди кај мажите. Жената може да забремени околу пет дена пред овулација, најчесто ден-два пред овулација, додека после овулацијата скоро и да не постои можност за забременување.
Жените можат да препознаат овулација по количината и изгледот на цервикалниот слуз, или одредување на присутност на хормонот LH во урина. За време на овулација, цервикалната слуз е потполно проѕирна и ретка, скоро како вода.
Дали ќе дојде до зачеток, големо влијание има квалитетот на сперматозоидите. Но, нивниот квалитет се менува со должината на апстиненција. Морфологијата и бројот на сперматозоиди е најголем после апстиненција која трае два-три дена. Долгата апстиненција ја намалува способноста за оплодување. Поради тоа, најголема можност имаат здрави парови кои неколку дена пред овулација имаат односи секој или најдобро секој втор ден.