ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Кој го чува детето? Силниот имунитет!
    Кој го чува детето? Силниот имунитет!

    Кој го чува детето? Силниот имунитет!

    Инфекциите на респираторниот систем претставуваат најчеста инфекција во педијатриските кругови од кои децата во просек заболуваат 4-7 пати во годината, а тие кои престојуваат во градинка и училиште и многу повеќе.

    Респираторните инфекции многу брзо се шират, затоа што се пренесуваат со кивање, кашлање, или со директен контакт на болните со здравите личности. Најчесто се од вирусно потекло, често траат кратко, поминуваат без компликации и не бараат примена на антибиотици.

    Иако најчесто не се опасни и поминуваат без последици и компликации, акутните респираторни инфекции, сепак го пореметуваат секојдневниот ритам на целото семејство. За здравјето треба да се мисли на време, да се води сметка за предвреме да се зајакне имунитетот, особено кога е сезоната на респираторните инфекции.

    Познато е дека имунолошкиот систем е одбрамбен систем кој го штити организмот од штетни влијанија на различни агенси од надворешната стредина. Тоа што најмалку се знае е дека цревата се најголем орган на имунолошкиот систем на човекот, затоа што на нивните ѕидови се наоѓаат преку 70% од вкупниот број на имуни ќелии во организмот. Затоа цревната микрофлора, која ја  сочинуваат милијарда корисни (пробиотски) бактерии кои природно се населуваат во цревата, е многу важна за правилниот развој на организмот.

    Со одржување на природниот баланс на цревната микрофлора се зајакнува имунитетот на детето. За таа цел денес се повеќе се користат sinbiotici-препарати кои претставуваат комбинација од пробиотски бактерии и пробиотик.

    Со континуирана примена на sinbiotici докажано е дека се смалуваат респираторните инфекции, се смалува употребата на антибиотици, појавата на зголемена температура, кашлање, секретот од носот, односно се намалуваат деновите на отсуство на децата од градинка, училиштата…

    Ништо не треба да биде поважно од здравјето на детето, но и од здравјето на целото семејство. Кога болното дете не е способно да посетува институции, се јавува проблемот за чување на болното дете ако родителите се во работен однос, а нивното отсуствување може да направи дополнителен стрес. Сега кога сезоната на респираторни инфекции е во полн ек, мораме да мислиме за имунитетот на најмладите. Децата може да ги причуваат бабата и дедото, тетките, дадилките… но секој ден децата ги чува силниот имунитет.

    Сојузник во таа борба секако може да ни бидат sinbiotici (Probiotik Kid immune, или слични) кои ги уништуваат вирусите.