Кој почесто го проверува бебе мониторот, мајката или таткото?
Истражувањата покажаа неколку многу интересни податоци.
Истражувањата ги спроведе компанијата Full Spectrum Insights. Во анкетата учествуваа 1000 родители со деца помлади од 2 години, од кои 83% го потврдија користењето на бебе мониторот. Од 83%, најмалку секој трет маж потврди дека многу често гледа во мониторот – барем една минута, додека тоа го прави секоја четвртта жена.
35% од нив признаа дека во мониторот погледнале дури откако го виделе или чуле бебешкиот плач, за разлика од 25% од мажите, покажа истражувањето.
Студијата исто така откри дека времето за реакција за проверка на бебето после слушањето на плачот е побавна кај родителите кои имаат повеќе од едно дете.
“Овие резултати за нас беа доста изненадувачки”, вели за The Bump, Џен Џонсон, потпретседателката на компанијата Summer’s.
“Многу зборуваме за времето поминато пред екраните и се чини дека татковците се залепени за бебе мониторите исто како и за своите телефони”.