ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Која е улогата на мајката а која на таткото?
    Која е улогата на мајката а која на таткото?

    Која е улогата на мајката а која на таткото?

    Која е улогата на мајката а која на таткото?

    Иако се поголем број на семејства меѓусебно се разликуваат по начинот на живот, навиките, степенот на блискост, методите на воспитување и меѓусебните односи, но кога се работи за очекувањата кои ги имаат од децата од родителите се многу слични. Најчести прашања кои ги добиваат мајките од своите деца се:
    • Мама, каде ми се чорапите?
    • Мама, каде ми е клучот?
    • Мамо, што имаме за ручек?
    • Мамо, досадно ми е!
    • Мамо, ај читај ми приказна.
    • Мама, ми се јадат палачинки, ќе ми направиш?
    • Мамо, ме боли глава!
    • Мамо, те молам помогни ми со домашната задача.
    • Мамо, кога ќе ми купиш нова јакна?
    • Мамо, зошто не е платена екскурзијата?
    • Тато, каде е мама?
    Освен овие сликовити примери, кои можат да се сметаат и за стереотипи, за разликите помеѓу мајките и татковците пишувале голем број на истражувачи, поточно изтражувачи на генетика на воспитување. Најкратко и наједноставно кажано, разликата помеѓу децата и разликата во воспитувачките постапки кои ги имаат мајките и татковците, неизбежни се бидејќи ги одредуваат половите родители.


    Мајката: Без разлика дали е мајката е вработена или не, таа најчесто ги обавува поголемиот број на домашни обврски и најчесто се тие кои се посветуваат на игрите со децата. Најчесто бираат креативни и едукативни игри бидејќи скокањето и трчањето ги асоцира на повреда. Мајките најчесто користат игри во кои има разговор, каде има некакво објаснување и игра од која може нешто да се научи. Мајките најчесто имаат повеќе трпение, толеранција и се по смирени за разлика од татковците. Со децата најчесто разговараат со смирен тон иако умеат и да зборат со повисок тон па дури и да употребат сила врз децата, што не е добро за развојот на говорот на детето, често раскажуваат бајки пред спиење. Мајките знаат да бидат големи паничари, а исто така кога се работи за казнување знаат често да би недоследни и попусливи.


    Таткото: Денешните татковци не се крути, не ги сокриваат своите чувста и се посветени кон децата за разлика од постарите генерации. Кога се игрите во прашање знаат да бидат спонтани и опуштени , за разлика од мајките и се придржуваат кон тоа дека не секогаш играта мора нешто да не научи. Освен тоа, татковците уживаат во игрите бидејќи и тие сами често се големи деца. На децата им дозволуваат да ги тестираат своите физички способности, им дозволуваат да ризикуваат, да се извалкаат, да скокаат па дури и да се удрат и паднат. Татковците во комуникацијата се многу попрецизни и гласни, бидејќи мајките инсистираат на послушност и меѓусебно разбирање без непотребни зборови. Кога детето ќе направи нешто погрешно, таткото веднаш укажува на последиците од недозволеното однесување, брзо и лесно знае да казни, за разлика од мајките.
    Без разлика на сите научни испитувања, секако дека не можат сите информации да се земат здраво за готово. Секако дека има мајки кои не се агресивни и не креваат рака врз своето дете, постојат и татковци кои се попустливи, но листата на прашања кои децата ги поставуваат на татковците на крајот се сведува само на едно, Тато, каде е мама?