• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Која риба трудниците и децата смеат да ја јадат, а која треба да ја избегнуваат?
Која риба трудниците и децата смеат да ја јадат

Која риба трудниците и децата смеат да ја јадат, а која треба да ја избегнуваат?

Во новите советувања за прехрана на трудниците рибата е поделена во три категории, а трудниците и малите деца се советуваат да избегнуваат риба со големо количестви на жива.

Загадувањето со жива ги претвори некои видови на риби во потенцијално опасни намирници кои можат да имаат негативно влијание на нервниот систем на децата и поради тоа не се препорачуваат во текот на бременоста и за време на доењето. Живата е тежок метал природно присутен во околината. Главните извори вклучуваат согорување на фосилни горива (посебно јаглен) и испуштање на пепел во комуналните води. Живата се јавува во неколку облици, од која најопасна е метил-живата. Во морињата, езерата и реките живата се претвора во метил-жива која доспева во рибите, посебно во големите предатори. Рибата и производите од риба се главни, ако не и единствени извори на метил-жива присутни во телото на човекот.

Американската агенција за храна и лекови (FDA) и Агенцијата за заштита на околината во 2004 година издадоа заедничко предупредување кое се однесува на трудниците, доилките, жените кои настојуваат да зачнат деца.

Во предупредувањето стои како тие ризични групи треба да избегнуваат риба и морски плодови кои содржат зголемена концентрација на жива. Главно се мисли на поголемите риби кои живеат долго, како морското куче, сабјарката, скушата и туната.

Оваа година Американската агенција за храна и лекови (FDA) ги објави долгоочекуваните насоки за сигурен внес на риба во бременоста. Имено, предупредувањето за трудниците и малите деца во прехраната да ја избегнуваат рибата со висок удел на жива на сила е повеќе од десет години, меѓутоа, новите американски насоки даваат конкретни препораки за конзумацијата на риба.

Поделба на рибите во три категории:

Новитет во американските насоки е поделбата на рибите на три категории: најдобар избор, добар избор и видови кои треба да се избегнуваат во бременоста.

На листата на риби кои треба да се избегнуваат се наоѓаат неколку видови на риба: кралевската скуша (Scomberomorus cavalla; king mackerel), рибата од фамилијата Istiophoridae (marlin), Hoplostethus atlanticus; orange roughy), морското куче, сабјарката, туната (Тхуннус обесус) и рибите од фамилијата Malacanthidae (eng tilefish).

На листата на најдобар избор, односно риби кои се советува да се внесуваат 2-3 пати неделно се наоѓаат: инчун, бакалар, лосос, пастрмка, ослич, но и одредени видови на туна како туната со латински назив Katsuwonus pelamis (eng skipjack).

Туните како Thunnus alalunga и  познатите туни со жолти пераи се наоѓаат на пописот на добар избор и нивната конзумација се препорачува еднаш неделно.