Колку чисто е навистина чисто
Стерилизација
Општеството е сосема лудо кога се однесува на хигиената – ние ги стерилизираме нашите домови, работи и себеси со разни антибактериски производи кои ветуваат дека ќе уништат повеќе нечистотија од кога и да е порано.
Нема сомнение дека во минатиот век имаме далеку стигнато во превенцијата и лекувањето на болестите. Сепак, има сè повеќе и повеќе индикации дека преувеличуваме во нашата борба против бактериите.
Имунитет
Благодарение на антителата кои минуваат низ плацентата од мајката до бебето, имунолошкиот систем на бебето е активен уште пред да се роди. Овој имунолошки систем го штити бебето и се развива по раѓањето.
Во првите неколку години од животот, бебето всушност треба да биде изложено на одредено ниво на бактерии за да му се развие имунолошкиот систем.
Без оваа изложеност, организамот не е способен да ги препознае клетките кои го напаѓаат системот, па дури и не создаваат антитела кои ќе ги спречат да го напднат телото. Затоа е можно прекумерната употреба на антибактериски агенси да влијае на намалувањето на имунолошкиот систем.
Хипотези за хигиена
Горенаведеното мислење се базира на верувањето дека растот на присуство на алергии и автоимуни состојби се резултат на недоволната изложеност на бактерии, вируси и други загадувачи во првите неколку години од животот на детето.
Недоволно до таква мера што имунолошкиот систем едноставно не научил да разликува штетните од “пријателски” супстанции, а потоа телото реагира и кога тоа не е потребно.
Поради оваа причина, се повеќе и повеќе деца имаат астма, висока температура и алергии од кога било досега. Се верува дека на намалување на имунитетот е поврзано со зголемување на автоимуни болести, како што се дијабетес, мултиплекс склероза и артритис подоцна во животот, бидејќи имунолошкиот систем не работи доволно и почнува да ги напаѓа сопствените клетки.
Има многу истражувања кои ја поддржуваат оваа хипотеза. Истражувањата се направени со деца кои имаат многу браќа и сестри кои живеат во рурални средини, имаат домашни миленици во своите домови или поминуваат многу време со други деца во првите години од својот живот.
Се покажа дека овие деца имаат многу помалку алергии и нарушувања на имунитетот од другите деца, со што се потврдува идејата дека изложувањето на бактерии рано во животот, им помага да се изгради на имунолошкиот систем да се заштити телото.
Дали е неопходно да се исчисти домот со анти-бактериски средства?
Анти –бактериските производи станаа нормални во нашите домови, но би било подобро за Вас и Вашите деца да се вратат на старите, “редовни” производи.
Најдобар начин да се заштитите е да ги миете рацете со сапун и вода. Второ, како што веќе кажавме, средина која е премногу стерилна, во никој случај не е добра за развојот на здрав имунитет.
На крајот, прекумерната употреба на антибактериски производи може да биде причина за зголемување на отпорноста на организмот на антибиотици. Зошто? Бидејќи, наместо само да ги отстраните бактериите од дома, со употреба на антибактериски производи, овие бактерии ги тера да мутираат и да станат отпорни на производите што ги користите.
Ова стана толку сериозен проблем што Светската здравствена организација уште во 2000 година препорача антибактериски производи да не се користат секој ден.
Што да направам?
Ова е голема дилема за родителите. Ние само сакаме децата бидат здрави, и затоа не верувајте во сите реклами кои Ви кажуваат дека треба да ги убиете сите бактерии на повидок. Кога станува збор за ова, можете слободно да се опуштите малку.
Најдобриот совет е децата да бидат деца, да играат на отворено и да се извалкаат, да си играат со други деца и Вие да не сте нервозни ако не се 100% чисти цело време.
Се додека ги учитедецата да ги мијат рацете по одење во тоалет и пред јадење ќе растат здрави, со здрав имунолошки систем, па дури и ако некој агол на куќата не Ви е дезинфициран!